Каква музика слуша кралот Чарлс?

Британскиот крал Чарлс Трети учествуваше во радио емисијата на Apple Music „The Kings Music Room“, споделувајќи ја својата лична листа на омилени хитови со слушателите, вклучувајќи диско, реге и афробит.

Боб Марли, Кајли Миног, Грејс Џонс и современите уметници Давидо и Реј се меѓу оние кои се најдоа на листата на најдобрите песни на Чарлс.

Снимајќи радио пренос за Apple Music 1 во неговата канцеларија во Бакингемската палата, кралот раскажа бројни анегдоти од неговите средби со некои од уметниците и откри кои одбрани песни го формирале саундтракот на неговиот живот.


Тој зборуваше за влијанието што музиката го има врз него, од нејзината способност да предизвикува среќни спомени, утеха во време на тага и да донесе радост.

Во придружното видео, кралот е прикажан како седи на својата античка маса и ги снима своите зборови, со осветлен винтиџ знак „On Air“ до него.

„Во текот на мојот живот, музиката ми значеше многу. Знам дека тоа е случај и со многу други. Ја има оваа извонредна способност да врати среќни спомени што никнуваат од најдлабоките краеви на нашето сеќавање, да не утеши во моментите на тага и да не однесе на далечни места. Но, пред сè, може да ни го подигне духот. Така, ова е она што особено сакав да го споделам – песните кои ми донесоа радост“, изјави кралот Чарлс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни