Каква храна таков секс

Здравата исхрана пред водење љубов може благотворно да влијае и да доведе до подобрување на протокот на крв, зголемување на енергијата и сексуалната издржливост, подобрување на расположението, па дури и на либидото. Џесика Крандал, сертифициран едукатор за дијабетес и член на Академијата за исхрана и диететика, открива кои намирници имаат поволно влијание врз еротската енергија:

1. Остриги

Старите Грци и Римјани ги користеле како моќни афродизијаци. Остригите имаат висока содржина на цинк, што, според некои истражувања, е поврзано со поголем број на сперматозоиди. Романтична вечера во која доминираат остриги може да биде одличен вовед во енергијата што следува во остатокот од вечерта.

2. Темно чоколадо

Поради високата содржина на антиоксиданси, темното чоколадо има многу придобивки за здравјето на срцето, но помага и при создавањето дополнителни искри во спалната соба. Флавонолите во темното чоколадо помагаат да се зголеми протокот на крв, што пак го зголемува задоволството и чувствителноста при секој допир.

3. Цвекло

Цвеклото е полно со калиум, уште една хранлива материја која го помага протокот на крв. Оваа исклучително здрава храна може да биде добар избор за салата или супа додека уживате во оброкот со вашиот партнер.

4. Јаткасти плодови и семки

Бадемите, индиските ореви и кикириките се богати со магнезиум кој може да помогне во зголемување на енергијата и циркулацијата. Тука спаѓаат и семките од тиква кои се богати со магнезиум, калиум и цинк, па затоа се одлични за подобрување на протокот на крв. Некои студии покажале дека имаат корисен ефект и врз нивото на тестостерон.

5. Авокадо

Полно со незаситени масти и витамин Е, авокадото ги обезбедува здравите масла што ви се потребни за непречено функционирање на работите за време на сексот. „Ако немате доволно маснотии, тогаш обично вашата кожа е сува, косата и ноктите се кршливи, а и другите делови се исто така суви“, објаснува Крандал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни