Каков ефект имаат ф’стаците врз нашиот вид?

Научниците од Универзитетот Тафтс откриле дека јадењето само две шаки ф’стаци дневно може да помогне во заштитата од макуларна дегенерација

Здравјето на очите е клучно за квалитетот на животот, а исхраната игра важна улога во неговото зачувување.

Научниците од Универзитетот Тафтс откриле дека јадењето само две шаки ф’стаци дневно може да помогне во заштитата од макуларна дегенерација, водечка причина за губење на видот кај постарите лица.

„Нашето истражување покажува дека ф’стаците не се само вкусна ужина – тие можат да имаат значајни придобивки за здравјето на очите“, вели д-р Тами Скот, главен автор на студијата и невропсихолог.

Што е макуларна дегенерација?

Макуларната дегенерација е болест која постепено ја оштетува макулата – делот од мрежницата одговорен за остриот, централен вид.
Како што напредува болеста, на заболените им станува сè потешко да препознаваат лица, да читаат и да извршуваат секојдневни задачи, додека периферниот вид останува зачуван.

Иако нема лек, здравата исхрана може да игра клучна улога во спречувањето и забавувањето на прогресијата на болеста.

Здравствени придобивки од ф’стаци


Ф’стаците се богати со лутеин, моќен антиоксиданс кој помага во заштитата на мрежницата од штетното сино и УВ зрачење.

Студијата покажа дека учесниците кои консумирале две раце несолени, суво печени ф’стаци шест недели значително ја подобриле густината на макуларниот пигмент, што е клучно за здравјето на очите, пишува Њујорк пост.

„Лутеинот делува како очила за сонце за вашите очи“, објаснува д-р Скот. Освен во ф’стаците, лутеинот се наоѓа и во лиснатиот зелен зеленчук, но телото го апсорбира многу поефикасно од ф’стаците благодарение на природната содржина на здрави масти.

Покрај тоа што го поддржуваат видот, ф’стаците можат да го намалат оксидативниот стрес и воспалението во мозокот, што е важно за спречување на срцеви заболувања и дијабетес.

Тие се исто така богати со растителни влакна и протеини, го поддржуваат варењето на храната, помагаат во регулирањето на телесната тежина и го намалуваат крвниот притисок и нивото на холестерол Index.hr.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни