Младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот“ во продукција на Театарот за деца и младинци од Скопје ќе учествува на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, вечерва во 19.30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“. Претставата е во режија на Јане Спасиќ, а улогите ги толкуваат: Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков, Maтеа Јанковска, Никола Наковски, Ангела Димитрова, Ненад Митевски и Марија Ѓорѓијовска.
На програмата на фестивалот вечерва ќе биде изведена и „Лекција“ од Ежен Јонеско, во 22 часот на истата сцена. Претставата е копродукција помеѓу „Моушн нетворкс“ и Центарот за култура „Ацо Попов“, а во режија на Ѓорги Ризески.Улогите ги толкуваат: Ефтим Трајчов Ѓаурски, Димитрина Мицкоска Трајкоска и Милорад Ангелов