Како звучеше „Ајде Јано“ испеана од Deep Purple во Белград?

Англискиот рок бенд Deep Purple во јули одржа концерт на стадионот Ташмајдан во Белград, а расположените фанови од сите генерации уживаа во вечер исполнета со легендарните хитови на еден од најголемите рокенрол бендови на сите времиња.

„Мило ми е што се вративме во Белград. Прекрасно е“ порача Ијан Гилан на почетокот на концертот.

На концертот публиката можеше да ги слушне најголемите хитови на бендот, а пред преполниот стадион тие ги отсвирија и „Фантомот од операта“, „Турскиот марш“ на Моцарт, како и српската традиционална песна „Ајде Јано“.

Најново

Последни колумни