Серхи Молиавко- Иднината е тука: ВИ може да ги трансформира продавниците побрзо отколку што мислиме

Серхи Молиавко од ВИ Самитот Скопје зборува за дигитализацијата на малопродажбата, предизвиците со податоците и забрзаниот развој на вештачката интелигенција
Angel Angelovski photo

Серхи Молиавко, учесник на ВИ Самитот во Скопје, нè воведува во реалните проблеми, но и потенцијалот што го носи вештачката интелигенција (ВИ) за малопродажбата. Додека дел од индустриите веќе целосно го завршија процесот на дигитална трансформација, трговијата сè уште се соочува со бројни предизвици поврзани со управувањето на податоците и модернизацијата на процесите.

Нашиот соговорник објаснува дека, иако дигитализацијата започнала, таа сè уште не е комплетна.

Сè уште сме, особено во малопродажбата, во ерата на дигитализација, што значи дека продавниците почнаа да имаат некои податоци веќе во дигитална форма во своите компјутери или продажни места,“ вели тој.

Оваа транзиција, според него, е многу често непотполна – дел од податоците постојат, но не се структуирани или доволно детални за современ дигитален екосистем.

Еден од типичните проблеми е недостатокот на комплетни информации за производите. „Имате наслов или име на производот и цена, но немате опис или нешто слично.“ Токму тука ВИ влегува како клучна алатка за обработка, надградба и структуирање на податоците. Според соговорникот, модерните јазични модели имаат „многу контекст за да им помогнат на продавниците, бизнисмените и претприемачите да управуваат со своите податоци, да ги збогатат своите податоци и да се осигурат дека тие се валидни и точни.“

Angel Angelovski photo

Недостаток на ресурси – најголема пречка за дигитализација

Во разговорот се отвори една од најболезните теми за малите и средните бизниси: ресурсите. „Ви недостасуваат ресурси и обично ви недостасува многу долгорочна перспектива за да донесете правилни одлуки денес. И кога ќе имате проблем, немате ресурси за да го решите веднаш во најдобра форма.

Недостатокот на обучен кадар, инвестиции, време и стратешки поглед наназад значи дека многу компании остануваат заробени меѓу аналогното и дигиталното. Сепак, соговорникот смета дека ВИ може драматично да го промени темпото: „Тука ВИ и машинското учење навистина би можеле да помогнат да се забрза процесот и да се поедностават решенијата што ни се потребни.

Angel Angelovski photo

Каква ќе биде иднината на вештачката интелигенција?

Серхи вели дека ВИ не е завршена технологија, туку брзорастечки систем што се развива со огромна брзина. „Денес сме во многу раните денови на ВИ. Тоа не е завршена структура, не е завршен производ, не е завршен концепт. ВИ се развива од долу нагоре – милиони луѓе секојдневно ја подобруваат.

Тој додава дека промените се случуваат толку брзо што „дефиницијата и концептот на вештачката интелигенција се менуваат секој ден.“

Во таа контекст, самитите и форумите како ВИ Самитот во Скопје имаат огромно значење: „Форумите како овие стануваат медиум за луѓето да зборуваат, да разменуваат знаења и гледишта, и да постават долгорочни перспективи за движењето напред.

Серхи ја нагласува и вредноста на самитот за учесниците. „Би рекол перспектива и инспирација – бизнисите можат да се споредат себеси и да добијат нови сознанија. За претприемачите и научниците, ова може да биде многу добар форум за инспирација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни