Како вашата градинa да ги преживее летните температури? Тајната е во оваа состојока

Откријте како водата од печурки може да ја заштити вашата градина од суша и високи температури. Експертите објаснуваат зошто ова природно решение е клуч за здрави и хидрирани растенија во текот на летото.

Како што температурите растат во текот на летните недели, можеби се прашувате што да направите за вашата градинa да преживее суша и жештина.

Еден од неочекуваните, но корисни сојузници може да биде водата што останува по готвењето печурки – еве зошто.

Експертот за градинарство Вејн Делани тврди дека полевањето на растенијата со вода од печурки може да биде клучот за спас на градината за време на жештините.

Водата од печурки е течност богата со хранливи материи која останува по натопување или миење печурки. Таа е полна со минерали и корисни органски соединенија и може да помогне во нега на почвата и зголемување на отпорноста на растенијата без употреба на штетни хемикалии или создавање отпад во вашата градина, пренесува dnes.rs.

Освен што помага растенијата да останат живи, оваа метода е и многу евтина.

Зошто баш печурки?
Печурките се како природни сунѓери во градината. Кога впиваат вода, тие делуваат како хидратантни капсули кои ослободуваат својот мицелиум. Суштините кои се ослободуваат при полевањето ја стимулираат габичната активност во почвата, што не само што ѝ помага на почвата подобро да ја задржи водата, туку и им олеснува на растенијата да ја апсорбираат.

Тоа значи дека растенијата ќе можат да впијат повеќе вода за време на топлотниот бран, што ќе помогне да не увенат.

Освен подобрување на хидратацијата, оваа вода ја збогатува почвата со микронутриенти како калиум, селен, магнезиум и фосфор – особено важни за време на периоди на високи температури.

Како да се подготви вода од печурки
За подготовка на оваа вода, земете една шепа од било кои печурки и оставете ги да стојат во вода 12 до 24 часа. Истите печурки можете да ги користите два до три пати. Со водатата залевајте ја вашата градина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни