Како трансплантацијата на коса стана табу кај мажите?

Многу познати личности пресадуваа коса, а со зачестеноста на третманот и намалувањето на цените тоа не е веќе само опсесија на несигурните милиониери. Фудбалерот Вејн Руни пресадуваше, а изгледа и Илон Маск имаше третман за пресадување. Се шпекулира дека принцот Хари и Машин Ган Кели потрошиле многу пари на нивните трансплантации. Мет Хенкок негираше дека имал трансплантација на коса претходно оваа година, што значи дека веројатно можеме да се радуваме на скандалозното разоткривање со детали колку чинеше и кој платил за тоа во догледно време.

Пресадувањето на коса сè уште нашироко е перцепирано како потег кој се прави скришум и нешто што го преземаат мажите со надеж дека никој нема да забележи или да бара објаснување, наместо нешто што треба отворено да се документира и да се дискутира со пријателите, семејството и колегите. Сепак чувањето на проблемите и анкциозноста со келавоста „под капата“ се сигурен начин за намалување на самодовербата и лошо ментално здравје.

Повеќе од 613.000 мажи имале процедури за трансплантација на коса во 2021 година. Поголемиот дел од нив биле на возраст од 26-35 години, а тој број се очекува да се зголеми бидејќи и достапноста и пристапноста продолжуваат да се подобруваат. Она што е помалку јасно е колку брзо таквите третмани се нормализираат, особено во општество каде што единственото нешто што се смета за посмешно од ќелавоста е обидот да се избегне тоа. Се смета за прилично безбедна тема за потсмев.

Д-р Мате Рајпут (42) е еден од водечките хирурзи за трансплантација на коса во Велика Британија, кој работел во индустријата повеќе од 11 години. Тој лично почнал да доживува опаѓање на косата пред околу седум или осум години, а на крајот имал операција за трансплантација на коса во 2019 година. „Косата ми стана како знакот на Мекдоналдс“, се сеќава тој. „Стануваше до точка каде што дури и не сакав да се фотографирам; стануваш самосвесен без размислуваш за тоа“.

За д-р Рајпут, шегата на неговата мајка за губење на косата го натерала да размисли за постапката, а се чини дека секојдневниот напад на „зафркавање“ – без разлика дали тоа ќе премине во целосно малтретирање или не – често се наведува како причина  за мажите кои избираат да добијат третман.

Имајќи предвид дека 70 отсто од мажите доживуваат опаѓање на косата – и неверојатно, секој четврти ги гледа првите знаци на ќелавост пред да наполни 21 година – не е изненадување што третманите против опаѓање на косата е индустрија од повеќе милијарди долари. Тоа не се само трансплантации, кои се гледаат како последна мерка, тука влегуваат и огромната низа шампони, пудри, пени, спрејови, апчиња и речиси секој друг потрошен материјал што може да се замисли што ветува дека ќе згусне, па дури и ќе го помогне повторното растење на косата.

Целта на д-р Рајпут е да се сруши табуто за оваа тема бидејќи се повеќе луѓе од различни професии и возрасти се одлучуваат да пристапат кон процедура за пресадување на коса. „Неодамна направивме трансплантација на коса на 78-годишник, а имавме и некој од 19 години кој беше малтретиран на училиште и сакаше доверба пред да оди на универзитет“, вели тој. „2023 година е година кога ќе се ослободиме од сите овие различни табуа во општеството и мислам дека губењето на косата треба да биде едно од нив“.

Повеќето од луѓето кои направиле трансплантација на коса велат дека жалат што тоа не го направиел поскоро и дека процедурата им го променила животот на подобро и позитивно влијаела на нивната самодоверба. Ако треба да се постигне напредок, се чини дека лекцијата е позната: ништо не се подобрува додека луѓето не можат да зборуваат за својата несигурност без страв од потсмев.

Извор: The Independent

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни