Како соларната енергија стана најевтин извор на струја во историјата?

Ново истражување од MIT открива кои скриени иновации – од технологии до политики – доведоа до пад на цените на соларната енергија за над 99% од 1970 година.

Цената на соларната енергија е намалена за повеќе од 99% од 1970 година досега, претворајќи ја од скапа технологија во еден од главните извори на електрична енергија во светот. Истражувачите од Институтот за технологија во Масачусетс (MIT) објавија ново истражување во кое ги анализираат причините за овој драстичен пад на цените и откриваат дека тој е резултат на повеќе од 80 различни иновации – не само технолошки, туку и административни, политички и економски.

Соларната енергија денес не само што е прифатлива – таа е и најефтиниот извор на електрична енергија во историјата, според Меѓународната агенција за енергија. Но како дојдовме до оваа точка? Истражување на MIT, објавено во списанието PLOS ONE, ги анализира 81-те клучни иновации кои ја намалија цената на фотоволтаичните (PV) системи од 1970 до денес.

Истражувањето открива дека многу од клучните напредоци дошле од други индустрии, како што се полупроводници, металургија и стакларство. Покрај тоа, поедноставувањето на постапките за добивање дозволи, стандардизирањето на компонентите и подобрувањата во логистиката одиграле значајна улога во намалувањето на трошоците.

Овие иновации не само што ја направија соларната енергија попристапна, туку и помогнаа таа да стане доминантен извор на струја во некои региони. Во јуни 2025 година, соларната енергија за првпат генерираше најмногу електрична енергија во Европската Унија, надминувајќи ги фосилните горива.

Истражувањето исто така укажува на тоа дека идниот напредок ќе доаѓа и од нови технологии како што се вештачка интелигенција, автоматизација при инсталација и софтверски алатки за подобро управување со мрежата. Во фокус сè повеќе доаѓа и прашањето за одржливо рециклирање на старите панели, што е предизвик кој научниците веќе активно го истражуваат.

Истражувачите заклучуваат дека патот до поевтина и одржлива енергија лежи во постојано вкрстување на иновации од различни сектори и добро координирани државни и пазарни политики.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни