Каде си, Скопје? Не те гледам!
До пред два дена, маглата и загадениот воздух го криеја градот. Според податоците на Air Quality Index (AQI), Скопје беше меѓу првите десет најзагадени градови во светот.
Но, по дождот и снегот, ситуацијата се смени. Природата си ја заврши својата работа – воздухот се прочисти, а небото над Скопје повторно блесна. Сега, Скопје изгледа прекрасно!
Здраво, Скопје, супер изгледаш!
На Водно и околните планини, пејзажот е вистинска бајка. Ако сакате свеж воздух и полни гради здравје, викендов е идеален за планинска прошетка.
👉 Наш совет: Искористете го денот за прошетка на Водно или друга блиска планина. Вдишете длабоко, природата лекува.