Europe House Битола, на 12.03.2026, организираше неформален разговор помеѓу млади и локалните новинарки. Конкретно, дипломираните новинарки, м-р Соња Тантарова Груевска и дипломираната истражувачка новинарка Анета Блажевска, ги водеа дискусијата на теми поврзани со медиумска писменост.
Наративот во медиумите влијае врз оформувањето на човековата реалност. Затоа сме тука за младите, да бидеме дел од создавање на нивен објективен свет, заснован на критичка мисла. Оттука важноста на ваквиот разговор.
Младите, поттикнати од излагањата и прашањата на новинарките, споделуваа свои ставови и перспективи во однос на медиумите, моќта на насловите и целта на текстовите. Преку дискусија, осознаваа нови гледишта за тоа како се создаваат приказните во медиумите.
„Настанот покажа дека медиумската писменост е неопходна вештина за одговорно учество во општеството. Преку отворен разговор, меѓу стручноста и професионалноста на новинарките и љубитноста и ентузијазмот младите, се споија два света што функционираат во еден.
Ваквите средби ја потврдуваат важноста младите да учат како да препознаваат проверени извори, да поставуваат прашања и да градат сопствено мислење. Младите со критчка мисла се основата на едно квалитетно и одговорно општество.
Овој настан е прва иницијатива од ваков вид на локално ниво, насочена кон директно поврзување на младите со професионални дипломирани новинарки и отворање простор за разговор за медиумската писменост.
Активната дебата го истакна поривот на младите да научат, како да се справуваат со дезинформации и зборовни манипулации во медиумите. А, новинарките поентираа клучни елементи на кои треба да се посветува внимание при пристап до медиумски содржини.
Со ваквиот формат на неформална дискусија се поставуваат темели на квалитетен пристап каде младите се активни учесници кои поставуваат прашања, анализираат и ги преиспитуваат медиумските содржини“ велар од Europe House Битола.