Како се славеше Нова Година во Титова Југславија?

Нова година како југословенски празник беше „битен елемент на колективниот наднационален идентитет во процесот на сеопфатна трансформација на општеството, создавање на новиот човек на социјализмот и создавање на чувство на припадност кон една заедница на сите жители на Југославија, без разлика на вероисповед и националност“.

Нејзиното прославување влијаеше на потиснување на традицијата на празнување на верскиот празник Божиќ, и Нова година со тек на време стана вистински народен празник.

Тито секоја година организираше свечени прослави за своите најблиски соработници, семејство, пријатели, а покрај тоа, посетуваше и масовни јавни настани. Беше организирана прошетка низ градските улици, а дури и возење со градски превоз кога и тие кои не беа најблиски соработници на Тито имаа можност да му честитаат Нова година.

Антифашистичкиот фронт на жените, како најмалку политизирана масовна организација која беше задолжена за згрижување на децата, работа со жените и слично, крајот на 1948 година беше делегиран да ја промовира Новата година како иден „народен обичај“.

Се инсистираше на Новата година како на детски празник, па дури и 31-ви декември беше прогласен за Ден на детската радост за да во делот на земјата со католичко мнозинство на децата им го замени Божиќ, а властите наредиле да се повлечат елки, бонбони и играчки од продавниците и повторно да се пуштат за продажба непосредно пред Новата година на Денот на детската радост.

Централна личност требаше да стане девојка во народна носија како персонализација на Новата година која носи иднина или стар Партизан кој го одржува континуитетот на револуционарните традиции. Сепак, ветровите кои дуваа од средината на 50-тите влијаеа на промена на климата, па со модернизацијата и либерализацијата на општеството, појавата на робни куќи и влијанието на потрошувачкото општество и конзумеризмот, ликот на Дедо Мраз стана чест и радо виден гостин на новогодишните прослави во фирмите и градинките.

Каде, како и со кого Тито обично славел и сакал да ја слави Новата година?
Негово друштво на прво место беше сопругата Јованка, како и најблиските политички соработници. Местото на прославата значеше дека најчесто беше опкружен со политичкото раководство на републиката во која се наоѓал. Некогаш тука беа и некои од личните пријатели, како Антун Августинчиќ, Мирослав Крлежа, Владимир Поповиќ или доктор Богдан Брецел, а во последните години и членови на семејството, синови и внуци.

Првите години по војната, Тито ја дочекуваше Новата година во потесен круг на соработници и пријатели и нивните сопруги, најчесто во Резиденцијата на Ужичка 15, а секој 1-ви јануари на радио се преносеше порака со која им честиташе на граѓаните новата година. На таквиот дочек во 1952 година, на пример, присуствуваа Александар Ранковиќ, Милован Ѓилас, Мијалко Тодоровиќ, Петар Стамболиќ, Слободан Пенезиќ, Милентије Поповиќ и Владимир Дедиер.

Тито дочекуваше гости најчесто во Србија (покрај Белград, еднаш во Нови Сад и еднаш во Караџорџево), Словенија и Хрватска, каде што најмногу престојуваше. Во 1961 година ја дочека Новата година во Сараево, а во 1973 година во Милочер, што беа единствени исклучоци. Омиленото место за прослава беа Бриони, каде што ја дочека Новата година дури 7 пати. Најчесто свечените вечери беа организирани во Белата вила или хотелот „Истра“, а во 1979 година во хотелот „Нептун“.

На пример, за дочекот на Новата година 1955 и 1956, Тито беше надвор од границите на земјата, па Новата 1955 ја прослави на бродот „Галеб“, каде што му беше организиран интимен дочек за време на посетата на Индија, а Новата 1956 година ја дочека во хотелот „Winter Palace“ во Луксор, за време на посетата на Египет.

Требаше да се најде соодветно место, што не беше толку едноставно бидејќи хотелот во кој бил сместен беше стар и постоеше опасност собата да се урне ако во неа се движат околу тридесет лица. Алтернативно решение бил барот на приземјето на хотелот, кој беше незгоден поради големиот број редовни туристи. Исто така се случи и 1959 година, кога Новата година ја дочека во Тампаксирин, за време на посетата на Индонезија, во друштво на претседателот Сукарно. Таквите дочекувања беа присутни од членови на официјалната делегација, како и морнарите и екипажот на „Галеб“.

Што е најкарактеристично за Титовите прослави на Новата година?
Било да станува збор за јавните дочекувања организирани од републичките влади или оние организирани во резиденцијалните комплекси, новогодишните тоалети и одела беа надополнети со фантастични реквизити, како картонски капи и шапки, без кои прославата не можеше да се замисли. Тоа беа класични мексикански сомбрероси или каубојски шапки, додека за време на дочекот во Тампаксирин гостите носеа традиционални индонезиски капи.

Некогаш беа и посреќни, па на пример, претседателот на Сараевската општина Љубо Којио на дочекот на Новата година во 1961 носеше капа во облик на трамвај, што беше сигурно алузија на воведувањето на трамваите во јавниот превоз на Сараево.

Во истата таа година, босанскиот политичар Шефкет Маглајлиќ носеше капа во облик на голема риба, а Александар Ранковиќ носеше нешто што наликуваше на папска тијара. Тито на старите фотографии се гледа и со „луди шапки“, со украсени елки и неизбежни конфети, но никаде близу Дедо Мраз, пишува Бука.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни