Обичен ТВ прилог од полигонот на српската специјална единица Кобра стана апсолутен вирален хит на социјалната мрежа Твитер.
Superćelijska šutka pic.twitter.com/sKIlLUeTTu
— Izvesni Loneti (@luKlomban) August 12, 2023
Во прилог од Националниот дневник на Пинк телевизија, репортерот Младен Мијатовиќ известува од вежбата на специјалната единица Кобра од касарната „Васа Чарапиќ“ во Бањица. Специјалците маскирани со фантомки изведуваат вежба која потсетува на „шутка“ од концертите на панк бендовите и многу корисници на Твитер го споредиле прилогот со познатиот скеч во серијата „Топ листа надреалиста“.