Како родителите може да му помогнат на детето да се справи со неуспехот?

На родителите не им е лесно да го гледаат своето дете како се бори со неуспехот. Без разлика дали се работи за лоша оценка, промашена цел или несогласувања со врсниците, за секој родител е природна желба да го утеши своето дете, да ја поправи ситуацијата или целосно да ја избегне.
Фото: rawpixel.com

Но, психолозите се согласуваат – неуспехот понекогаш е неизбежен и неопходен дел од растењето, а како детето учи да се справува со него е клучно за развивање на издржливост, самодоверба и истрајност.

Децата учат гледајќи ги своите родители. Ако реагираме на неуспехот на детето со разочарување или лутина, детето може да заклучи дека неговата љубов и прифаќање зависат од успехот.

Наместо тоа, важно е да покажете разбирање и да ги признаете емоциите:

“Можам да видам дека си разочаран. Знам дека се обиде.”

Наместо да го фалите и критикувате само резултатот, пофалете ги истрајноста и трудот:

„Многу вежбаше и тоа може да се види.“

Пофалбата за напор развива внатрешна мотивација и го намалува стравот од правење грешки.

Понекогаш најтешкиот дел е да му дозволите на детето да ги почувствува последиците.

Ако ја заборавил домашната задача, не се нудите да му ја донесете на училиште. Ако го загубиле натпреварот, разговарајте за тоа подоцна, но немој да се трудите секогаш да го вадите од незгодна ситуација.

Така се учи одговорноста и се стекнува искуство.

По неуспех, наместо критики, разговарајте за тоа што детето научило од ситуацијата и што би можело да направи поинаку следниот пат.

Ова му помага на детето да развие саморефлексија и му дава моќ да ги гледа грешките како дел од процесот на учење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни