Како „Реката што врие“ во Амазон навестува потопол свет

Во централниот дел на Амазонската прашума во Перу, скриена е врела река или Шанеј-Тимпишка која редовно достигнува температура од 45 степени Целзиусови – со драстични последици за околните прашуми.

Реката што врие, позната и како Ла Бомба, е дел од притоката во источно-централно Перу која се поврзува со моќната река Амазон.


Истражувачите, утврдиле дека реката се загрева од геотермални извори длабоко во земјата долу, при што забележале дека шумата покрај реката е почиста и посува и дека нема толку многу големи дрвја.

Според нив, токму ова место претставува можна слика за тоа како климатските промени може да го променат Амазон, ‘бидејќи глобалното затоплување ги турка просечните температури на воздухот повисоки од денешните’. Во таа смисла, „Врелата река“ може да се гледа како еден вид природен експеримент – можен поглед на иднината.

Некои големи дрвја, во овој крај, како што е зимзеленото растение, Guara grandifolia, кое може да порасне и до 50 метри, според истражувачите ‘се мачат во близина на најжешките делови на реката’.

“Генерално, топлината се чини дека има негативно влијание врз биолошката разновидност. Огромното количество на пареа во воздухот може дури и да ги одврати летечките инсекти или други животни од областа“.
Како што климатските промени го загреваат сливот на Амазон, дождовните шуми може да станат посуви, како областите што се граничат со реката што врие.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни