Локомотива во соработка со ОНДА, како дел од својата интердисциплинарна програма, од 20-23 април 2023 година во Скопје организира и курира програма што вклучува изведби, разговори со уметници, дискусии и средби со цел да ја запознае македонската современа изведувачка уметност со 25 куратор(к)и од различни театри и фестивали во Франција.
Француските куратор(к)и ќе имаат можност да се сретнат со уметниците и да разговараат за актуелните изведби, процесите на развој на идеите, но и со пошироката сцена на теми поврзани со работните услови, политиките и политиката во кои тие работат на локално и на меѓународно ниво, како се организирани просторите за изведувачки уметности, продукциските капацитети, дистрибуцијата на перформансите во земјава и на меѓународно ниво, а Локомотива ќе го отвори и прашањето – дали ни треба институција за современи изведувачки уметности?

За време на средбата во Скопје ќе бидат претставени следниве перформанси:
- „ГЛУМиЦИ“ [ACT(O)ReSses] – Артопија
- „Срам” [Shame] – REHEARSING FEMINIST FUTURES Performance Platform [ПРВО ПА ЖЕНСКО Festival/Tiiiit.Inc]
- „Ми треба ново тело” [I Need a New Body] – Локомотива
- „Процес” [Process] интерактивен театарски перформанс -MI FILM & THEATRE.
Како дел од програмата ќе бидат организирани неколку разговори низ прошетка до специфичните делови во градот, како што се:
- Kitsch Tour in Skopje (две групи) со Ивана Драгшиќ и Иван Менкиноски
- The old and new city of Skopje со Бојана Јанева
- Walking through performative installations (Пошта, Железничка зграда и Универзална сала) со Филип Јовановски
За време на дискусиите различни уметници и културни работници/работнички од македонската независна сцена на изведувачки уметности, како и други претставници/претставнички од уметничката сцена ќе се сретнат со куратор(к)ите и ќе ја претстават својата работа, а ќе разговараат и за условите за работа во земјата.

ONDA – French Office for circulation in contemporary performing arts е француска организација основана во 1975 година и финансирана од француското Министерство за култура. Мисијата на Onda е да ја промовира и да ја поддржи дисеминацијата на современите изведувачки уметности од сите дисциплини, без разлика дали се работи за дела создадени во Франција или во странство.
За сезоната 2022-2023, Onda започна тематски циклус насловен „Соработување во контекст” во партнерство со Локомотива (Северна Македонија) и Qendra Multimédia (Косово), како и различни места и настани во Франција (Festival d’Automne à Paris, Théâtre Jean Vilar – Vitry-sur-Seine, Atelier de Paris / CDCN, Villette, Avant-Scène Cognac, Vaguement compétitifs).
Циклусот, кој вклучува уметници, програмски работници/работнички и истражувач(к)и, се состои од 3 средби – две во Франција (во Париз и во Коњак) и една во Скопје и Приштина. Овие средби служат како простори за размислување и дискусија за различни модалитети на соработка кои ја земаат предвид реалноста на нечиј контекст и начинот на кој секој контекст влијае врз создавањето, циркулацијата и рецепцијата на уметничките дела.
Третата и последна средба од овој циклус ќе се одржи од 17-23 април во Приштина и Скопје, каде учесниците ќе се впуштат во различните контексти на овие два града, водени од знаењето и искуството на Qendra Multimedia (Косово) и Локомотива (Северна Македонија).
Програма/ 20.04 -23.04.2023
20.04 четврток
17.00-18.30 – Tour in the old and new city of Skopje со Бојана Јанева
21.00 – 22.30 „ГЛУМиЦИ” [ACT(O)ReSses] @ MKC mkc.mk
21.04 петок
10.30 – 13.00 Kitch Tour in Skopje (две групи) со Ивана Драгшиќ и Иван Менкиноски
15.00 – 16.00 „Срам” [Shame] @ Public Room/ авторски перформанс
16.15-17.15 Разговори со уметници: Artopia и Ангела Стојановска
17:30 – 18.30 Разговори со претставниците/претставничките од различни институции, организации и здруженија од сцената
19:00 – 20.00 „Ми треба ново тело” [I Need a New Body] танцов перформанс @ МКЦ
22.04 сабота
11.00- 12.00 „Процес” @МКЦ интерактивен театарски перформанс
12.30 – 14.00 Разговор со уметници: Јасмина Василева и Ивица Димитријевиќ (Процес), Настја Ѕубан и Викторија Илиоска (Ми треба ново тело)
16.00 – 18.00 00 Walking through performative installations (Пошта, Железничка зграда и Универзална сала) со Филип Јовановски
23.04 недела
Неформални средби со сценатa

Реализацијата на програмата во Северна Македонија е поддржана од ONDA.
Интердисциплинарната програма на Локомотива е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Со овој настан како и многу други во текот на оваа година, Локомотива – Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата прославува 20 години собивање и работа!