Како празничните филмови ja обликуваa поп културата

Секој милиметар на нашето колективно сеќавање, култура, начинот на кој ги воспитуваме децата, ги славиме празниците и ја цениме традицијата се повразни со филмовите кои одбележале периоди од нашиот живот. Тие филмови нашите се модерни бајки.

Филмовите од почетокот на нивното постоење обликуваa генерации и генерации. Секој милиметар на нашето колективно сеќавање, култура, начинот на кој ги воспитуваме децата, ги славиме празниците и ја цениме традицијата, се повразни со филмовите кои одбележале периоди од нашиот живот. Тие филмови нашите се модерни бајки.

Златна ера: Темелите на традицијата (1940–1960)
Филмови кои обликувале една генерација која била разорена од војни и сиромаштија, која морала да ја научи таа голема мудрост дека за среќа не ни треба многу. Тоа се генерации кои созреале во години кога празничните филмови почнаа да го претставуваат и запишуваат полето на колективната свест. Нивните светови не беа идеални. Зад себе носеа тежината на војните и кризите – но во тие филмови генерации и игенерации најдоа утеха и надеж за подобро утре.

„It’s a Wonderful Life“ (1946)
Во режија на Франк Капра, класика која стана синоним за празнична магија и длабока животна порака. Филм кој го следи животот на Џорџ Бејли (Џејмс Стјуарт), човек од мал град кој се соочува со чувство на неуспех и преоптовареност со животни проблеми. На Бадник, Џорџ, очајен поради изгубените пари кои може да ја уништат неговата фамилија и бизнис, размислува да го заврши својот живот. Во тој момент се појавува неговиот ангел чувар Клеренс (Хенри Треверс), кој му покажува низ низа визии како би изгледал светот ако Џорџ никогаш не се родил.

„White Christmas“ (1954)
Со секој стих на песната на Бинг Кросби, овој филм ја оживува празничната атмосфера и повеќе од самиот Божиќ. Не учи на музика која ги поврзува луѓето и на традиција која се пренесува од генерација на генерација.

„Breakfast at Tiffany’s“ (1961)
Иако не е класичен божиќен филм, зимската меланхолија на прекрасната Холи Голитли (Одри Хепберн), нè потсетува дека понекогаш бараме топлина во световите што ги создаваме сами, во тоа да припаѓаме некому и да дозволиме да го најдеме нашиот дом. Познатата сцена на појадокот пред излогот на Тифани и денес ни потсетува на празниците и на празничната сцена од соништата.

Револуција на чувства: Генерација X, сарказам и празничен бунт (1970–1990)


Ова е герацијата која не познаваше идеални семејства и идеални празници. Одгледани од претходната генерација на беби бумери, кои се стремеле кон недостижниот идеал на совршенство, нивните деца, генерација X, разбираат дека е време да се стави крај на таа опресија која ја носи бајковитоста и идеализацијата на животот. Нивните празници често не беа совршени. Беа исполнети со животни, совршено несовршени моменти, кои ги обликуваа нивните сеќавања и нив како личности.

„Die Hard“ (1988)
Како неверојатно е да се замисли дека синоним за божиќен филм може да биде една многу интензивна акција која во себе нема ни дел од тие бајкови приказни… А сепак, по многу истражувања, овој проект можеби е најпознатиот и најгледаниот празничен филм.

„When Harry Met Sally“ (1989)
Празниците често се време за рефлексија, нови почетоци и секако, романтика. Сали и Хари нè потсетуваат дека Нова година е повеќе од само петарди – тоа е момент кога се раѓа надежта.

„The Shining“ (1980)
Да, ова е хорор, но токму генерација X ги отвори вратите за да се занимаваме со сè што празниците носат… дури и со тоа што е темно.

Овој текст прикажува еволуцијата на празничните филмови низ три генерации: Беби бумер, Генерација X и Миленијалците, како и улогата што ја играат во обликувањето на празничниот дух и вредностите кои ги пренесуваме на следните генерации. Секоја генерација носи свои вредности и погледи на светот, што е прикажано преку филмови кои стануваат симболи на нивните времиња.

Генерацијата Беби бумер беше одликувана со стремежот да ја зачува традицијата, заедништвото и идилијата, често прикажувана преку совршенство што беше потребно во светот кој го преживеал два светски војни.

Генерација X, одгледувана во времиња на социјални промени, започна да пренесува порака дека ништо не е совршено, а тоа стана клучно за празничната атмосфера. Преку филмови како „Home Alone“ и „Love Actually“, генерацијата X научи дека несовршеностите се дел од животот и дека вистинската среќа лежи во љубовта и поврзаноста со семејството и пријателите.

Миленијалците носат нов бран, обележан со магија, романтика и носталгични приказни во филмови како „Harry Potter“, „Bridget Jones’s Diary“ и „The Holiday“. Оваа генерација бара баланс помеѓу традицијата и модерните вредности, додека истовремено ја прифаќа реалноста и несовршеноста на животот.

На крајот, Генерација Z, која слави разновидност и автентичност, ја обликува празничната култура преку изразување на индивидуалноста, додека филмовите како „Frozen“ и „Klaus“ носат вредности на заедништво и добрина во ново, инклузивно светло.

Филмовите што ги гледаат генерациите стануваат повеќе од забава – тие се сеќавање на вредностите на времето, социјалните промени и начините на кои градиме заедништво во светот кој постојано се менува.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни