Но, колку и да е корисна, AI може да направи сериозни грешки особено кога ѝ се препуштаат сложени одлуки без човечка проверка.
Судовите се преполни со „лажни“ документи
Адвокатите и судиите низ целиот свет се соочуваат со правни поднесоци создадени со помош на AI, кои содржат измислени цитати, лажни случаи и погрешни податоци.
Францускиот научник и адвокат Дамиен Шарлотен идентификувал најмалку 490 вакви случаи во последните шест месеци и предупредува дека бројот расте.
Дури и големи компании не се имуни: суд во Колорадо утврдил дека адвокат на MyPillow Inc. поднел документ со 30 неточни цитати во предмет за клевета.
Размислувајте за AI како за асистент, не како за заменик
„Не му верувајте на AI за важни одлуки,“ советува Марија Флин, директорка на организацијата Jobs for the Future.
Таа препорачува да се третира AI како стажист: корисен за брзи нацрти, предлози и организациски задачи но секогаш со човечка проверка.
Кога ја користела внатрешната AI алатка за подготовка на состаноци, Флин забележала дека дел од предлозите не одговарале на контекстот, па морала да даде дополнителни насоки.
Проверувајте ја точноста
AI понекогаш звучи убедливо, но тоа не значи дека е во право. Флин наведува дека нивната алатка еднаш помешала завршени проекти со предлози за финансирање.
„Ако сте нови во организацијата, секогаш прашајте ги колегите дали резултатите изгледаат точни,“ препорачува таа.
Адвокатот Џастин Даниелс додава: „AI може да ви помогне со резимеа, но мора да го прочитате документот сами. Тоа е бавно, но неопходно.“
Внимавајте со алатките за снимање состаноци
AI алатките што снимаат состаноци и прават белешки можат да бидат корисни, но во некои држави снимањето бара претходна согласност од сите учесници.
Адвокатката Даниел Кејс од Чикаго предупредува дека компаниите треба да внимаваат особено при правни состаноци, дисциплински постапки или истраги, каде доверливоста е клучна.
Не откривајте доверливи информации
Кога користите бесплатни AI алатки како ChatGPT, не внесувајте имиња, податоци или деловни тајни.
AI моделите често ги користат сите достапни информации за да создадат одговор, без разлика дали се јавни или приватни, вели Флин.
Ако вашата компанија не нуди обука за користење AI, испробајте бесплатни алатки како ChatGPT или Microsoft Copilot. Универзитети и технолошки компании нудат курсеви за тоа како се составуваат ефективни барања (prompts) и како безбедно да се користи технологијата.
„Најголемата грешка е воопшто да не ја научите технологијата,“ вели Флин. „Сите ќе мораме да станеме дигитално писмени во користењето на AI и подобро е да започнеме сега.“
Извор:Euronews
 
				 
				 
								 
								 
								 
								