Спанаќот е една од најздравите намирници што можете да ја вклучите во исхраната, но малкумина знаат дека начинот на подготовка е клучен за зачувување на неговите хранливи материи. Количината на витамин Ц, каротини и минерали зависи од тоа како се перат, сечат и варат листовите и стебленцата.
Не ги фрлајте стебленцата и коренчињата
Повеќето луѓе користат само листови, а токму во стебленцата и коренчињата се кријат вредни хранливи материи. Тие се богати со витамин Ц и растителни влакна, па можете да ги искористите во салати или да ги динстате како прилог — тие ќе останат крцкави и вкусни.
Исеckани стебленца можете да додадете во супи или варени јадења, со што ќе ја зголемите нутритивната вредност на оброкот и ќе намалите фрлање на храна.
Правилно миење и подготовка
Најчестата грешка е предолго потопување на спанаќот во вода. Така се губат водорастворливите витамини и минерали, кои завршуваат во мијалникот.
Наместо тоа, измијте го спанаќот брзо под млака вода и веднаш подгответе го.
Најдобро е да се попари или динста во малку маслото со затворен сад – така ќе се сочуваат каротините и витамин Ц, а организмот полесно ќе ги апсорбира.
Важно: не гответе предолго
Максималното време на готвење не треба да надминува 10–15 минути. Подолгата термичка обработка ја уништува структурата на клетките и ги намалува хранливите материи.
Тајната на најздравиот спанаќ
Најздравиот начин за подготовка е готвење на пареа. Поставете ги листовите на решетка над врела вода или во газа во садот, поклопете и оставете да се сварат на пареа. Така спанаќот ја задржува својата зелена боја, вкусот и витамините.
Избегнувајте пасирање или мешање во блендер по варењето – тоа ја нарушува структурата на клетките и изложува витамин Ц на кислород, со што се губи неговото дејство.
Ако сакате да го извлечете максимумот од оваа здрава зелена намирница, запомнете три правила: Не го натопувајте спанаќот долго во вода. Гответе кратко – најмногу 15 минутии изберете готвење на пареа за најдобро задржување на витамините.
На тој начин ќе добиете јадење кое е и вкусно и вистински здрав еликсир за организмот.
