Инцидентот започнал откако жителите пријавиле дека нивното куче било каснато од змија. Кога ловците на змии пристигнале, останале во неверување – само во првите минути откриле 40 црни змии, од кои неколку женки започнале да раѓаат млади во моментот кога биле ставале во вреќи за отстранување.
Црните змии се една од најчестите отровни змии во Австралија, но досега не се регистрирани смртни случаи кај луѓе. И покрај тоа, нивниот отров може да предизвика сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи оток, гадење и дијареа.
Научниците предупредуваат дека ваквите невообичаени собири на голем број змии во урбани средини укажуваат на нарушен екосистем. Зголемената загуба на природните живеалишта, климатските промени и човечките активности ги принудуваат животните да бараат засолниште во населени места, што создава зголемена опасност и за луѓето и за дивиот свет.
Среќна околност во овој случај е што кучето кое било каснато од змија е живо и здраво, додека змиите се ставени во карантин и ќе бидат вратени во природата кога температурите ќе се намалат. Сепак, ова останува предупредување дека хармонијата во природата е нарушена – а последиците веќе ги чувствуваме.