Како „Парни валјак“ ја инспирираше „Нирвана“

„About A Girl“ е уште еден пример за песна на Нирвана што потсетува на рок-химна од минатото. Има прогресија на акорди многу слична на онаа на песната „Hrast“ од хрватската рок-група Parni valjak.

„Фар Аут“ , портал и списание од Лондон, презентира теорија, која на овие простори е добропозната во музичките кругови, дека легендарниот гранџ бенд од Сиетл, САД, популарната „Nirvanа“ на почетокот од својата кариера можеби се инспирирала од поранешниот југословенски состав „Parni Valjaк“.

Авторот на овој портал, Бен Форест, ја зема како пример песната „About A Girl“ од деби албумот на Нирвана „Bleach“ и тврди дека потеклото на таа песна „можеби датира многу подалеку отколку што би помислиле читателите“.

Тој наведува дека голем дел од креативноста на Курт Кобејн била длабоко вкоренета во неговата импресивна колекција плочи, од која црпел инспирација од уметници како што се „The Raincoats“, „The Vaselines“ и „Wipers“.

„Иако честопати успеваше да ги преведе овие влијанија во уникатен израз и сензибилитет, некои од песните на Нирвана сосема отворено ги покажуваат своите музички корени (…) „About A Girl“ е уште еден пример за песна на Нирвана што потсетува на рок-химна од минатото. Има прогресија на акорди многу слична на онаа на песната „Hrast“ од хрватската рок-група Parni valjak. Ќе ви биде простено ако никогаш не сте слушнале за Parni valjak , но тие се едно од најголемите имиња во рок-музиката од поранешна Југославија и сè уште се еден од најпопуларните бендови во Хрватска“, пишува Форест.

Во продолжение песната на „Нирвана“

А на следниот линк композицијата на „Парни Валјак“

Авторот истакнува дека не само што акордите се слични, туку и ритамот на тапаните и тонот на гитарата се речиси идентични.

„Исто така, вреди да се напомене дека басистот на Нирвана, Крист Новоселиќ, е од хрватско-американско потекло – роден во Калифорнија од хрватски имигранти, тој пораснал во претежно хрватска заедница и поминал неколку години во Хрватска на почетокот на 1980-тите. Затоа, многу е веројатно дека бил запознаен со работата на Steam Roller и ги ценел нивните југословенски рок химни“, Форест ја заклучува својата теза и додава дека зборот „плагијат“ можеби е премногу за случајот со „About A Girl“ и „Hrast“. но остава простор за тврдењето дека „се чини многу веројатно дека хрватскиот бенд имал влијание врз создавањето на тој иконски звук на Нирвана“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни