Како Новак Ѓоковиќ се најде во кампањата на Доналд Трамп?

Видеото на кое Новак Ѓоковиќ ја слави победата на Олимписките игри во Париз, беше искористено на социјалната мрежа „Икс“ во кампањата за Доналд Трамп.

„Новак Ѓоковиќ се прекрсти и му се заблагодари на Бога на колена по победата. Мејнстрим медиумите го цензурираа ова. Да го направиме вирално“, се вели во описот на видеото на кое се гледа Ѓоковиќ на колена по победата во мечот за златен медал на Олимпијадата во Париз оваа година.

https://x.com/i/status/1849541949612826939

Сметката што го носи името „Доналд Џеј Трамп“, заверена со сина ознака за проверка и со негова фотографија, на прв поглед изгледа како официјална сметка на Трамп на оваа социјална мрежа. Сепак, тоа не е.

Она што го одделува од @realDonaldTrump е зборот „вести“ на сметката, но тој е тесно поврзан со Трамп и неговата кампања. Како што вели описот, оваа сметка ги поддржува и ги следи сите патриоти и објавува ударни вести.

А ударните вести што се објавуваат на ова место се прохристијански, антиимигрантски, често на ниво на теории на заговор. Не недостигаат лажни вести, кои ја дискредитираат противкандидатката на Трамп, Камала Харис, но и вести во кои се величи поранешниот американски претседател, кој се кандидира за уште еден мандат во Белата куќа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни