„Како научив да летам“ вечерва на Beach Film Festival во Охрид

Филмот „Како научив да летам“ ќе биде прикажан вечерва на Beach Film Festival во Охрид на плажата Сараиште до 20.00 часот. Од 21:30 ќе биде прикажана Официјалната селекција на студентски филмови.

На плажата Славија од 20:30 часот посетителите ќе можат да го погледнат филмот „Summer to come“. Од 22:30 часот музичката програма ќе ја води xaraxiri.

На Брод Армада од 21:00 часот ќе се емитува филмот Pelikan.

Со почеток во 18:30 часот на плажата Сараиште ќе биде организран разговор со @juliangenisson и @cikaike – „Наводно забавна работа што никогаш повеќе нема да ја направам“.

Во сабота пак, на плажата Сараиште од 19:30ч. ќе се оддржи изложба на уметничките дела кои што се изработија од неупотребливи и отпадни материјали на работилницата РЕ-КРЕ-АРТ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни