Како најекономично да возите на автопат? Совети за помала потрошувачка гориво

При која брзина автомобилот троши најмалку гориво на автопат и кои се препораките на TÜV за економично возење?

На прашањето при кои брзини автомобилот е најекономичен, секој има свој одговор, но постојат правила кои веќе се докажани.

За повеќето возила важи правилото: забрзајте што побрзо, префрлете во највисока брзина, возете до околу 90 km/h и одржувајте ги вртежите на моторот меѓу 1500 и 2500 врт./мин. Во тој опсег потрошувачката е најниска, а моторот е најмалку оптоварен.

Што е со брзините на автопат и економичното возење?

Германската стручна организација TÜV препорачува брзина од 70 до 80 проценти од максималната брзина на автомобилот, но таа не смее да надмине 130 km/h.

Ова правило (до 80% од максималната брзина) особено важи за послаби автомобили со пониска крајна брзина. Така, автомобил кој има максимална брзина од 150 km/h треба да се движи во опсег меѓу 105 и 120 km/h, пренесува Rekvijahak.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни