Како најдобро ја исперете зимската јакна?

Откријте како да ја исперете најдобро зимската јакна. Три тениски топчиња се тајната за совршено мека и совршено обликована јакна.

Искусните домаќинки откриваат неверојатен трик за перење на перјани зимски јакни. Методот е едноставен, а ако го следите правилно, вашата јакна ќе остане како нова – без грутки и со зачуван облик.

Тајната: тениски топчиња

Главната тајна се обични тениски топчиња. Тие спречуваат да се направат грутки од пердувие и ја одржуваат формата на јакната.

Некои етикети на јакни препорачуваат само хемиско чистење, но многу јакни може да се перeт и во машина или рачно. Проблемот настанува кога перјето се спојува во грутки, што го отежнува сушењето.

Дополнителни совети:

Не перете повеќе јакни одеднаш – перјаната јакна се надувува и зафаќа многу простор во машината. Не користете обичен прашок – најдобро е течен детергент за осетливо руво или специјален за перјани јакни. Програма за осетливо руво – температурата нека не надминува 30–40°C. Избегнувајте центрифуга – јакните не треба да се перeт повеќе од една или две пати годишно. Со овој едноставен трик и малку внимание, вашата зимска јакна ќе остане мека, топла и како нова.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни