Како мажите „купуваат“ секс од партнерката

Мажите и тоа како можат и знаат да бидат манипулатори, особено кога имаат намера да ја однесат жената во кревет. Овој пат ќе ви претставиме дел од тактиките со кои мажите ги шармираат жените и прават се за тие да „паднат“ на нивните слатки зборови.

Ова се најчестите трикови со кои мажите ги намамуваат жените на секс:

Слатки зборови
Низа комплименти, маѓепсувачки и заводливи фрази и приказни кои имаат само една цел – жената да ја наведат да си помисли дека во неговите очи е посебна, па и самата да почне да се чувствува така. И секако дека е посебна, но и наивна.

Тажна животна приказна
Мажите си ја земаат улогата на ранети ѕверови, сметајќи на женската сентименталност и емпатија, а тоа е одличен вовед во „давањето утеха“ која како што знаеме, лесно доведува до секс.

Го впиваат секој нејзин збор
Кога внимателно слушаат се што таа зборува, со будно внимание, тие всушност размислуваат на нејзините воздишки во кревет. Жената наивно помислува дека тој ѝ се восхитува поради тоа што таа го маѓепсува со нејзините зборови, не сомневајќи се на тоа дека таа е само „лесен плен“.

Извор: sd.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни