Крвна група се одредува со класификација на крвта која се заснова на присуството или отсуството на наследени антигенски супстанци кои се составен дел на мембраната на еритроцитите. Овие антигени може да се од видот на белковини, јаглехидрати, гликобелковини или гликолипиди (во зависност од системот за класификација на крвните групи), и некои од овие антигени се исто така присутни на мембраните на некои други типови на клетки. Неколку од овие антигени од еритроцитите кои потекнуваат од еден алел (или блиску поврзани гени) заедно формираат систем од крвни групи.
Крвните групи се наследуваат од двата родитела. Денес се познати вкупно 29 човечки системи од крвни групи кои се признаени од МЗКТ.
Многу бремени жени носат фетус кој има различна крвна група од нивната, така што мајката може да создаде антитела против феталните еритроцити. Понекогаш овие мајчини антитела се IgG, мал имуноглобулинска белковина кој може да ја премине плацентата и да предизвика хемолиза (растворање, разорување) на феталните еритроцити, што води до хемолитичко заболување на новороденчето.
Луѓето со 0 крвна група се поотпорни и потенцијално живеат подолго

Поголема е веројатноста да живеете подолго ако имате 0 крвна група. Експертите сметаат дека намалениот ризик од болести на срцето и крвните садови (кардиоваскуларни болести) е една од причините за тоа.
Студиите спроведени од научници во изминатата деценија открија дека оние со крвна група О уживаат одредени здравствени придобивки кои можат да придонесат за подолг животен век.
Една таква придобивка е намалениот ризик од развој на кардиоваскуларни болести како што се срцев и мозочен удар. Тоа е затоа што на лицата со крвна група 0 им недостасуваат одредени протеини кои можат да предизвикаат воспаление на крвните садови како и други здравствени проблеми. Затоа, луѓето со оваа крвна група имаат помала веројатност да заболат од такви болести отколку оние со други крвни групи.

Освен тоа, познато е дека луѓето кои имаат крвна група 0 имаат пониски нивоа на лош холестерол споредено со останатите. Високиот холестерол е поврзан со зголемен ризик од срцеви заболувања, мозочен удар и други болести кои можат да го намалат животниот век. Со пониски нивоа на лош холестерол, оние со крвна група 0 можат да уживаат во подобро здравје и потенцијално да живеат подолго.
Покрај тоа, експертите веруваат дека луѓето со крвна група 0 може да имаат намален ризик од одредени видови на рак поради нивната генетска структура. На пример, некои студии сугерираат дека луѓето со оваа особина може да имаат помала веројатност од другите да развијат рак на панкреасот или желудникот.
Дали постојат ризици по здравјето за носителите на крвната група 0?
Иако оние со крвна група 0 може да имаат одредени здравствени придобивки, важно е да се напомене дека сè уште има некои потенцијални ризици поврзани со оваа крвна група.
На пример, луѓето со крвна група 0 имаат поголема веројатност да развијат анемија поради недостаток на одредени протеини. Покрај тоа, тие можат да бидат изложени на поголем ризик од развој на одредени автоимуни нарушувања и инфекции.
Зошто е важно да ја знаеме нашата крвна група?

Крвната група е наследна и непроменлива карактеристика на луѓето. Тоа може да влијае на целиот наш живот, но не сите луѓе знаат која крвна група ја имаат. Постојат многу причини зошто ова треба да се промени или зошто треба да знаете дали вашата крвна група е А, Б, АБ или 0.
Крвната група дава подлабок увид во вашата генетика
Познавањето на вашата крвна група може да биде многу корисно за разбирање на реакцијата на вашето тело на одредени видови храна, на кои болести би можеле да бидете склони, како реагирате на стрес, како стареете и многу повеќе. Само една капка крв е доволна за да се одреди која е вашата крвна група. Кога веќе ја знаете вашата крвна група едноставно можете да разграничите што е добро, а што не за вашето здравје.
Истражувањата покажаа дека луѓето со одредена крвна група имаат поголем ризик од одредени болести.
Луѓето со крвна група 0 имаат помал ризик од срцеви заболувања, но поголем ризик од чир на желудникот. Луѓето со крвна група А имаат поголем ризик од микробни инфекции, а жените со крвна група А имаат повисока стапка на плодност. Луѓето со крвни групи АБ и Б имаат поголем ризик од болести поврзани со панкреасот.
Складност за трансфузија на крв:

Единките со крвна група AB ги поседуваат и двата антигена (А и В) на мембраната на нивните еритроцити, и нивниот крвен серум не содржи антитела кои би се бореле против А или В антигенот. Според ова, единка со крвна група АВ може да прима крв од било која друга крвна група (претпочитајќи АВ), но може да дава крв само на единки со крвна група АВ.
Единките со крвна група А го имаат само А антигенот на мембраната на еритроцитите. Нивниот крвен серум содржи IgM антитела кои дејствуваат (т.е. се борат) против В антигенот. Според ова, единка со крвна група А може да прима крв само од единки со крвна група А или О (претпочитајќи А), а може да дава крв само на единки со крвна група А или АВ.
Единките со крвна група В го поседуваат В антигенот на мембраната на нивните еритроцити. Нивниот крвен серум содржи IgM антитела против А антигенот. Според ова, единка со крвна група В може да прима крв само од единки со крвна група В или О (претпочитајќи В), а може да дава крв само на единки со крвна група В или АВ.
Единките со крвна група О (која кај нас и во некои други држави се означува како нулта, а во други со буквата О) ги немаат А и В антигените на мембраната на еритроцитите, но нивниот крвен серум содржи IgM анти-А антитела и анти-В антитела кои дејствуваат против А и В антигените. Според ова, единка со крвна група О може да прима крв само од единки со крвна група О, а може да дава крв на сите останати крвни групи (А, В, О или АВ).
Првата трансфузија на крв и откривањето на крвните групи
Во 1492 година Папата Иночентије VIII бил тешко болен. Неговиот доктор предложил како терапија да земе крв од друго, здраво лице, а бидејќи се уште не постоело знаење за интравенскиот кардиоваскуларен систем, единствено решение било крвта да ја испие. Терапијата сепак не поминала успешно, бидејќи набрзо Папата починал. Меѓутоа, овој случај останал забележан како прв познат случај на трансфузија на крв.

Во 1900 година австрискиот биолог Карл Ландштајнер во своите истражувања отишол чекор подалеку и сакал да се увери дали ќе дојде до згрутчување и ако се помеша крв од две здрави лица. Тој земал примероци од својата и од крвта на своите соработници, ја мешал секоја со секоја и забележал законитости под кои некои примероци на крв се згрутчувале, а некои не и конечно дошол до заклучок дека постојат три групи кои ги именувал со А, Б и Ц.
Ова епохално откритие вредно за Нобелова награда, означило крај на повеќевековните неизвесности и страв кај лекарите во состојба кога на некој пациент треба да се даде крв. Во почетокот потфат од висок ризик, сега рутинска процедура.