Како изгледаат најскапите чевли во светот: Чинат 20 милиони долари!


Во светот на модата и луксузот, сензацијата која ја тресе глобалната сцена на чевли од 2017 година се чевлите Moon Star на италијанскиот дизајнер Антонио Виетри, кои ги маѓепсаа сите љубители на луксузот.

Светот на гламурот го збогатија овие најскапи чевли во светот, чија потпетица е изработена од чисто злато, предната е украсена со дијаманти од 30 карати и парче аргентински метеорит од 1576 година. Виетри пред 6 години ги дизајнирал златните чевли, кои на сопствениците им биле доставени со хеликоптер. Прво беа претставени на јахта, во една од најинтригантните метрополи во светот – Дубаи. Тие се симболично дизајнирани по Бурџ Калифа, во чија форма е направена петицата на чевелот.


Цената на овие ексклузивни чевли е неверојатни 20 милиони долари по пар, што ги прави не само најскапите женски чевли на планетата, туку и вистинско дело на високата модна уметност.

Брендот Moon Star привлекува богати и вистински љубители на луксуз ширум светот, а после овие чевли, ниту едни нема да ви изгледаат прескапи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни