Како функционира сè почестото попречување на GPS-сигналите?

GPS-попречувањето станува сè почеста тактика во зони на конфликт. По инцидентот со Урсула фон дер Лајен, ЕУ ја обвини Русија

Кога претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, леташе кон Бугарија, GPS системот на нејзиниот авион беше попречен, принудувајќи ги пилотите да се префрлат на резервна навигација и хартиени карти за да слетаат безбедно. Сомнежите се насочени кон Русија, иако Москва ги негира обвиненијата.

Ова беше само уште еден пример од сè почестите случаи на електронско попречување и лажирање GPS сигнали, особено во зони на конфликт како Украина, Црното Море и источна Европа.

Што е GPS-попречување?

Попречувањето на GPS се врши така што се емитуваат посилни радио-сигнали на истите фреквенции што ги користат GPS сателитите. На тој начин се „задушуваат“ легитимните сигнали и уредот што ги прима губи сигнал или добива погрешни координати.

GPS сателитите емитуваат многу слаби сигнали, и кога некој во близина емитува посилен сигнал на иста фреквенција, GPS приемникот не може да се поврзе со сателитите. Во екстремни случаи, може да се користи и лажирање, при што се емитува лажен GPS сигнал за да изгледа дека авионот или возилото е на сосема друго место.

Инцидентот со фон дер Лајен

Инцидентот се случил додека нејзиниот авион се приближувал до аеродромот во Пловдив. GPS сигналот изненадно исчезнал и пилотите летале без сателитска навигација речиси еден час. Сепак, успешно слетале со помош на резервни системи.

Според безбедносни извори, изворот на сигналот за попречување бил во близина на аеродромот, што значи дека не дошол од Русија, туку од внатрешноста на Бугарија или нејзина околина.

Зошто ова е загрижувачки?

GPS се користи насекаде – во авијацијата, поморството, автомобилите, телефони, војска… Кога некој го попречува, тоа може да доведе до: Дезориентација на пилоти, грешки во позиционирање,нарушување на комуникации и проблеми во навигација и спасувачки мисии

Иако уредите за попречување се евтини и едноставни, законски се забранети во повеќето земји. Тие лесно можат да се откријат и лоцираат, но воениот контекст и конфликтните зони ги прават овие напади почести и потешки за санкционирање.

Одговорот на ЕУ

По инцидентот, Европската комисија директно ја обвини Русија и најави:Санкции против компании поврзани со GPS-попречување, развој на нов план за заштита на авијацијата и зголемување на капацитетите за детекција и одбрана од такви напади

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни