Како ЕУ ќе ги спречи стартапите да се селат во САД?

Според претходни податоци од Комисијата, повеќето стартапи кои достигнале вредност од над милијарда долари се преселиле во САД.

Европската комисија претстави стратегија за промовирање и поддршка на мали бизниси со цел да ги задржи овие компании во Европа.

„Стартапите и растечките компании (scaleups) се клучни за иднината на Европа – тие се двигатели на иновации и одржлив раст, создаваат квалитетни работни места, привлекуваат инвестиции и ја намалуваат стратешката зависност,“ изјавија од Комисијата на инаугурацијата на стратегијата.

Иако во ЕУ се основаат повеќе стартапи отколку во САД, речиси 30 проценти од ‘еднорозите’ (стартапи вредни над една милијарда долари) ги преместиле своите седишта надвор од ЕУ во последните 15 години, изјави потпретседателот на Комисијата Стефан Сејурне.

Според претходни податоци од Комисијата, повеќето стартапи кои достигнале вредност од над милијарда долари се преселиле во САД.

Сејурне изјави дека целта е да се најдат начини да се задржат успешните стартапи кои се во фаза на раст и имаат потреба од финансирање внатре во ЕУ.

20 мерки за задржување на компаниите во Европа

Комисијата предложи 20 конкретни мерки за да спречи преселување на стартапи надвор од ЕУ.

Фокусот е ставен на стратешки технологии, вклучувајќи: вештачка интелигенција, квантни технологии, напредни полупроводници, биотехнологија, чисти технологии и енергија, одбранбена и вселенска индустрија и роботика.

Ќе се поедностават регулативите поврзани со стечај, трудово право и даноци, а компаниите ќе можат дигитално да комуницираат со властите низ целата ЕУ.

Понатаму, ќе се подобрат опциите за финансирање и инвестиции, како и пристапот до квалификувана работна сила.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни