Како ефикасно да се решите од миризбите од готвењето во стан?

Дури и со употреба на аспиратор, некои мириси лесно се вовлекуваат во просторијата и се чувствуваат долго време. За среќа, постои едноставно и брзо решение кое ќе помогне да се неутрализираат овие мириси.

Со загревање на водата и ароматичните состојки, како што се лимонот, оцетот, циметот и каранфилчето, се ослободуваат есенцијални масла и пареи кои брзо ги елиминираат мирисите.

Овие состојки не само што го освежуваат просторот, туку можат да помогнат и да се создаде топол, миризлив амбиент.

Се што треба да направите е да ставите тенџере со вода на шпоретот. Во водата додадете неколку парчиња лимон, портокал, малку оцет или стапче цимет.

Оставете ја водата да зоврие, а потоа намалете ја топлината и вриејте 15 минути. Како што водата испарува, се ослободуваат мириси кои се шират низ просторијата и ги покриваат непријатните мириси.

Лимонот има антибактериски својства, додека оцетот служи како природен неутрализатор. Циметот и каранфилчето придонесуваат за долготрајна пријатна арома, па ќе забележите како просторот брзо станува посвеж.

Освен што ќе ги отстраните непријатните мириси, овој трик можете да го користите и во други ситуации кога едноставно сакате да ја освежите атмосферата во куќата.

Многумина го користат во постудените денови кога вентилацијата станува предизвик, а овој трик станува брз и практичен начин за одржување на пријатна атмосфера.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни