Како е убиен ајатолахот? „Не можеше да направи ништо“

Првичниот план бил Хамнеи да биде погоден веднаш, со цел да се постигне елемент на изненадување и да се спречи евентуално бегство.
epa12786226 Mourners react following the death of Iranian Supreme Leader Ayatollah Ali Khamenei; at Enqelab Square in Tehran, Iran, 01 March 2026. According to a statement from Iranian state media issued on 01 March 2026, Khamenei was killed in an airstrike during a joint United States (US) and Israeli military campaign that began on 28 February 2026. EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Израел и САД го темпирале нападот врз Иран за сабота, со цел да се совпадне со состанокот на врховниот лидер Али Хамнеи со неговите најблиски соработници, тврдат два американски извори запознаени со операцијата.

Убиството на човекот кој речиси 40 години владееше со Иран било извршено вчера, а во текот на ноќта беше потврдено и од државната телевизија. Станува збор за историски момент со сериозни последици за регионот.

Кој сè е убиен во нападот?

Израел соопшти дека покрај Хамнеи биле убиени и Али Шамхани, поранешен генерален секретар на Советот за национална безбедност и Мохамад Пакпур, командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда

Според два ирански извори за Reuters, Хамнеи непосредно пред нападот свикал состанок на безбедна локација, на кој присуствувале Шамхани и актуелниот секретар на Советот за национална безбедност Али Лариџани.

Трамп: „Не можеше ништо против нашите системи“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранскиот лидер бил ликвидиран откако разузнавачките служби го откриле неговото движење.

„Не можеше ништо против нашите разузнавачки податоци и високо софистицирани системи за следење. Блиску соработувавме со Израел“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

Според американски извори, потврдата за одржувањето на состанокот била сигнал за почеток на нападот. Првичниот план бил Хамнеи да биде погоден веднаш, со цел да се постигне елемент на изненадување и да се спречи евентуално бегство.

Нападот бил поместен поради разузнавачки информации

Состанокот првично бил очекуван во сабота навечер во Техеран, но израелските разузнавачи откриле дека ќе се одржи во сабота наутро. Тоа довело до поместување на почетокот на заедничката израелско-американска операција.

Комплексот на Хамнеи во Техеран бил меѓу првите цели. Сателитски снимки, според Reuters, покажале дека објектот е уништен.

Блискиот Исток на работ на поширок конфликт

Американските и израелските воени удари врз Иран го турнаа Блискиот Исток во нова фаза на судири. Иран возврати со ракетни напади не само врз Израел, туку и врз цели во арапските земји од Персискиот Залив.

Според претходни проценки на CIA, во случај на смрт на врховниот лидер, можно е власта да ја преземат тврдолинијаши од Исламската револуционерна гарда, што дополнително ја зголемува неизвесноста во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни