Како директорка под истрага на ОЛАФ стана прв човек на Еразмус+

Нови обвинувања ја потресуваат Националната агенција за Еразмус+, откако во јавноста излегоа информации дека в.д. директорката Ана Михајлов била предмет на истрага на европската служба ОЛАФ, според анализата на Рацин.мк.

Опозициската СДСМ денеска обвини дека новата в.д. директорка на Националната агенција за Еразмус+, Ана Михајлов, била под сериозна истрага на Европската канцеларија за борба против измами – ОЛАФ. Според наводите, постоело основано сомневање за злоупотреба на над 2 милиони евра, протекување доверливи информации и незаконско управување со проекти преку надворешна фирма. Предметот бил испратен до домашното обвинителство, но обвинителен акт до денес нема.

ОЛАФ е независна истражна служба на Европската комисија која се занимава со измами и корупција со европски средства. Не суди и не обвинува, но дава конкретни препораки за враќање на пари, покренување судски постапки или дисциплински мерки.

Во Еразмус+ програмата, ОЛАФ често проверува дали има конфликти на интереси, манипулации со апликации или фиктивни трошоци. Таквите наоди може да резултираат со суспензија на плаќања, финансиски корекции или дури и исклучување на ризични субјекти од европските фондови.

Сега, клучното прашање е дали македонските институции добиле препораки од ОЛАФ и што направиле со нив. Без транспарентен одговор, ризикот е да се изгуби довербата во програмата и да следуваат финансиски санкции од Брисел – што на крајот ќе ги платат граѓаните.

Прочитајте повеќе на Рацин.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни