Како да убиеш пет ликови во претстава

Перформансот вклучува одбрани сцени од претставите “Ифигенија во Авлида,” “Електра” и “Тројанските жени” на Еврипид и нуди дефрагментација на наративот, нагласена телесност и деконструкција на традиционалните драмски форми

Завршниот перформанс од Резиденцијата за пост-драмски театар, предводена од режисерот Филип Петковски, во која учествуваа актери од Србија, Словенија, Бугарија и Косово, ќе се одржи во Лабораториум на 4 октомври во 20 часот.

Перформансот вклучува одбрани сцени од претставите “Ифигенија во Авлида,” “Електра” и “Тројанските жени” на Еврипид и нуди дефрагментација на наративот, нагласена телесност и деконструкција на традиционалните драмски форми.

Перформансот е во формат на отворена проба на која публиката има прилика да го следи начинот на подготовка за сценска изведба и активно да учествува во истата.

Концепт и режија: Филип Петковски

Играат: Фатлуме Буњаку (Косово), Виктор Лукиќ (Србија), Емилија Тончева (Бугарија), Пиа Мачерол (Словенија) и Мира Јањетовиќ (Србија)

Проектен координатор: Стефан Момиќ

Дизајн на постер: Ивана Мојсовска Головска

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни