Како да спречиме качување на килограмите кога сме под стрес?

Понекогаш, ако сме под голем стрес, толку сме гладни што ни се чини дека на нашиот апетит му нема крај, а понекогаш доаѓа до целосно губење на апетитот.

Во вториот случај, кога немаме желба да јадеме, тоа е акутен стрес со кратко траење, кој има тенденција да предизвика губење на апетит бидејќи мозокот ги насочува ресурсите од нормалните телесни функции, како што е јадењето, кон системите на органи потребни за опстанок.

Желба за висококалорична храна

Меѓутоа, со хроничен стрес, ефектите на адреналинот врз апетитот слабеат и кортизолот почнува да го принудува телото да ги врати енергетските резерви, што во некои случаи доведува до вишок килограми.

Исто така, долгорочниот стрес може да доведе до хормонални промени кои можат да го зголемат апетитот и да предизвикаат желба за висококалорична храна, како: сладолед, чипс, пица…

Како да се скрши маѓепсниот круг?

Ако сакате да ставите крај на ова, можете да направите неколку работи.

Поставете приоритети

Водите евиденција за тоа како го поминувате секојдневниот живот. Одлучете кои задачи и активности ви се најважни и дајте им приоритет и не заборавајте да вклучите време за адекватен сон и вежбање во вашиот распоред.

Спиењето ги поставува темелите за менталното здравје, бидејќи кога не спиете доволно, секоја мала пречка што ќе се појави во вашиот секојдневен живот изгледа тешко да се надмине.

Бидете практични

Поедноставете ја здравата исхрана и зголемете ја физичката активност. На пример, однапред исечете го зеленчукот за цела недела за да го јадете како ужина и чувајте ја опремата за вежбање во канцеларијата за да можете да вежбате веднаш после работа.

Сакајте го вашето тело

Лошата слика за телото и срамот од телото се главни извори на стрес, затоа обидете се да го промените вашиот став и да се фокусирате на тоа да бидете здрави и обидете се да го сакате вашето тело во сите големини и облици.

Наместо да ја вложите целата своја ментална енергија во бројот на вагата, фокусирајте се на градење здрави навики.

Ценете го она што не ве оптоварува

Иако често е многу лесно да се фокусираме на она што нè подвлекува, обидете се да се фокусирате на она што ве прави среќни во исто време, што може многу да помогне кон психолошки ослободување од стресот во други области од вашиот живот.

Размислете пред да почнете да јадете

Кога ќе посегнете по храна, размислете дали сте навистина гладни или има нешто друго. Може да го ослободи стресот за момент, но е многу краткотраен.

На крајот на краиштата, едноставните работи како одење на прошетка исто така можат да помогнат.

Ако се борите со стрес и зголемување на телесната тежина, посетете го вашиот лекар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни