Институтот за медиуми и аналитика – ИМА в среда ќе биде домаќин на панел дискусијата на тема: „Справување со дезинформациите на социјалните мрежи – предизвици и перспективи“.
Наодите и анализите на оваа тема ќе ги претстават стручњаци од областа , односно м-р Емилија Петреска Камењарова од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), д-р Снежана Трпевска од Институтот РЕСИС, потоа Светлана Сиљјаноска, консултантка за стратешки комуникации и справување со дезинформации, како и Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфoзис.
По излагањата на панелистите, предвидена е дискусија со учесниците и со присутните на настанот.