Како да се справиме со дезинформациите на социјалните мрежи?

Дискусијата ќе се одржи на 26 февруари, во хотелот Холидеј ин во Скопје, со почеток во 12:00 часот

Институтот за медиуми и аналитика –  ИМА в среда ќе биде домаќин на панел дискусијата на тема: „Справување со дезинформациите на социјалните мрежи – предизвици и перспективи“.

Наодите и анализите на оваа тема ќе ги претстават стручњаци од областа , односно м-р Емилија Петреска Камењарова од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), д-р Снежана Трпевска од Институтот РЕСИС, потоа Светлана Сиљјаноска, консултантка за стратешки комуникации и справување со дезинформации, како и Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфoзис.

По излагањата на панелистите, предвидена е дискусија со учесниците и со присутните на настанот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни