Како да се ослободите од мразот: Исчезнува за миг со два состојка, без сол

Ледот на скалите и приодите може ефикасно да се отстрани со едноставна домашна мешавина што не го оштетува бетонот и плочките

Мразот и снегот кои постојано се наталожуваат, во комбинација со ниските температури, создаваат сериозни проблеми во секојдневието. Лизгавите услови на тротоарите, скалите и приодите до станбените згради претставуваат ризик за безбедноста и чест извор на грижа за граѓаните.

Иако солта најчесто се користи за топење на мразот, таа не е секогаш најдоброто решение за домашни услови. Добрата вест е дека постои едноставна и достапна алтернатива која е подеднакво ефикасна, а притоа не ги оштетува површините.

Зошто солта не е најдоброто решение?

Иако солта е практична за патишта и јавни површини, нејзината употреба во домашни услови може да предизвика повеќе штета отколку корист. Приодите и скалите често се изработени од бетон или поплочени со плочки, а солта на такви површини делува агресивно.

По само една зима, бетонските површини може да почнат да се распаѓаат, додека кај плочките, иако самите плочки се поотпорни, фугите се особено чувствителни. Солта продира во нив и предизвикува оштетувања што стануваат видливи по неколку сезони.

Едноставно решение без сол

Постои практична домашна мешавина која брзо го топи мразот и не ги оштетува скалите и приодите. Потребни се само неколку состојки: 2 литри топла вода, 1 лажица детергент за миење садови и околу 50 милилитри 70% алкохол

Смесата се подготвува лесно и се нанесува внимателно на замрзнатите површини. Мразот се топи речиси веднаш, оставајќи ја површината безбедна за движење.

Пред нанесување, се препорачува механички да се отстрани што е можно повеќе снег и мраз, на пример со лопата или стругалка. Доколку ги немате сите состојки при рака, може да помогне и само детергент или алкохол разреден со вода, но најдобри резултати се постигнуваат со нивна комбинација.

Ова решение е ефикасно, економично и побезбедно за површините – особено во услови на долготрајни зимски температури.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни