Kако да се ослободите од влагата во домот?

Влагата, освен што е естетски проблем, може да го наруши здравјето и да го намали квалитетот на животот

Не постои недвосмислен одговор на прашањето како да се одреди изворот на влага, бидејќи тој може да биде јасно видлив или може да биде на скриени места. Правилното откривање на причината за проблемот и состојбата на објектот е основа за избор на вистинското решение за проблемот со влагата. Се препорачува да се ангажира експерт кој ќе ја утврди причината за влагата.

Најчестите причини за појава на влага во пракса се несоодветно изолирани згради (рамни покриви, тераси, балкони, подруми и сл.) како и дотраена и/или неправилно изведена хоризонтална и/или вертикална хидроизолација на темелот, што последователно може да предизвика капиларна влага (може да биде видлива на подот и до четири метри на ѕидовите) и/или поплавување во подрумите.

За да се обезбеди соодветен проток на воздух се препорачува редовно проветрување на објектот со цел да се обезбеди природна вентилација, а постои и можност за поставување на отвори за проветрување за постојана циркулација на воздухот.

Хидроизолацијата има практично и економско значење на примена во градежната индустрија со клучна улога во спречување на навлегување на вода и влага во градежните конструкции.

Хидроизолацијата е неопходна за зачувување на структурниот интегритет, долговечноста и функционалноста на градежните објекти, односно за продолжување на животниот век на градежните материјали и зачувување на квалитетот на ентериерот. Целта на хидроизолацијата е да се создаде непропустлива бариера која ги штити внатрешните простории од влага и спречува оштетување од вода, а во исто време обезбедува здрави услови за живеење и работа. Професионалното и правилно поставување на хидроизолациони материјали, следејќи ги препораките на производителот и редовното одржување се клучни за постигнување долготрајно и сигурно решение за изолација.

Во случај на мало продирање на влага, проблемот може привремено да се реши со помош на самобојадисување, но тоа не претставува трајно и ефективно решение. Трајно решение на проблемот бара санација на изворот на вода и навлегување на влага во објектот, за што е потребно ангажирање на стручни лица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни