Чувството кога ќе се вратите во канцеларија по две недели луда забава на море не е многу пријатно. Сепак, светските психолози велат дека навикнувањето на работните обврски не мора секогаш да биде стресно и наведуваат неколку насоки кои треба да ги следите за да го поминете првиот ден на работа со насмевка на лицето.
Полека и без напнатост
Првиот работен ден не значи дека треба веднаш да започнете со извршување на деловните обврски. Психолозите советуваат прво да почнете да решавате помали и полесни задачи, бидејќи тоа ќе ве врати во форма.
Дојдете малку порано на работа како би имале време да се напиете кафе со колегите и да ги споделите вашите впечатоци од одморот. Искористете го тоа време за да прашате што се случило додека сте биле на одмор. По кратиот разговор, почнете да ја проверувате е-поштата. Направете селекција и започнете со оние обврски кои имаат приоритет.
Планот е чекор до успехот
По враќањето од одмор, често се случува да се „изгубите“, а мислите се уште да ви се на некоја егзотична плажа. За вашите колеги да не добијат впечаток дека сте неодговорни и заборавни, направете неделен работен план. На тој начин во рок од седум дена ќе знаете какви обврски ве очекуваат и ќе можете без притисок да си поставувате приоритети и да ги решавате обврските.
Во спротивно, ако правите сè по ред, само ќе се изморите, а ефикасноста ќе изостане.
Создадете си приоритети
Ако работата се натрупала додека сте биле на одмор, не паничете, туку одлучете кои работни задачи се приоритетни во консултација со претпоставените.
Важно е да правите повеќе работи во исто време. Ако почнете да решавате неколку работи одеднаш, нема успех. Вниманието мора да биде насочено кон една задача и на тој начин ќе го достигнете договорениот рок, советуваат светските психолози.
Сувенир за канцелариско биро
Доколку се уште размислувате за одмор, ставете некој сувенир (пр. рамка за слики) на канцелариското биро кој ќе ве потсетува на местото каде сте го поминале одморот. На овој начин со мислите, барем на кратко време, ќе отпатувате на море и многу брзо ќе се вратите на решавање на деловните обврски, велат психолозите.
Извор: informer.rs