Кога температурите ќе го надминат прагот на удобност, многумина посегнуваат по леден туш верувајќи дека тоа ќе им донесе моментално олеснување.
Иако сигурно ќе уживаме во моменталното чувство, експертите предупредуваат дека студениот туш во топлина всушност може да направи повеќе штета отколку корист кога се обидувате да го оладите телото.
Професорот по анатомија Адам Тејлор од Универзитетот Ланкастер објаснува дека кога се изложени на ладна вода, крвните садови под кожата се стеснуваат, намалувајќи го протокот на крв кон површината на телото. Наместо да ја ослободат топлината, таа останува заробена околу внатрешните органи, што значи дека телесната температура не се намалува – напротив, телото е „заблудено“ дека треба да ја задржи топлинат

Студот со ладна вода, според тоа, не го лади телото на правилен начин. Покрај тоа, ненадејното изложување на ладна вода, особено ако е под 15 степени, може да предизвика таканаречен „ладен шок“ – состојба што го зголемува крвниот притисок и претставува потенцијална опасност за луѓе со срцеви проблеми.
Топол туш исто така не е добар избор. Кога водата е потопла од телесната температура, телото дополнително се загрева. Затоа, млака или малку топла вода, околу 26-27°C, се препорачува како најдобра опција.
Таквиот туш му помага на телото постепено да се олади, а во исто време е доволно ефикасен за хигиена бидејќи топлата вода ги отстранува потта, себумот и бактериите подобро од ладната вода. Прочитајте исто така како да го подготвите вашиот дом за топлотен бран.