Ракот на грлото на матката е често заболување кое најчесто го предизвикува хуман папилома вирус (HPV), покажуваат официјалните здравствени податоци. Иако вакцината која штити од HPV вирусот, а со тоа и од рак на грлото на матката, е бесплатна од 2022 година, мал број на деца и девојчиња на возраст од девет до 19 години, на кои оваа вакцинација е најпристапна, ја примиле.
Што е HPV вирус?
HPV инфекцијата е најчеста полово пренослива болест во развиените земји и до денес е единствената инфекција која е призната како суштински причинител на рак на грлото на матката. HPV исто така е одговорен за појава на други видови рак, како што се генитални или екстрагенитални тумори.
Во зависност од сојот на вирусот, ќе се зарази различно место, кожа или слузокожа. Вирусните соеви кои го инфицираат кожата се сметаат за безопасни, додека соевите кои напаѓаат слузокожата може да предизвикаат предканцерозни промени. Кога се помислува на HPV, тој најчесто се поврзува со гениталната област, но HPV инфекцијата може да зарази и устната шуплина и горните дишни патишта. HPV инфекцијата предизвикува појава на бенигни лезии кои се нарекуваат брадавици, ако се наоѓаат на кожата и папиломи, ако се појават на слузокожата.
Како имунолошкиот систем функционира во борба против HPV?
Како и кај другите вирусни инфекции, самиот HPV не е способен самостојно да предизвика болест. При појавата на болеста учествуваат и други фактори. Чест причинител е нарушувањето на целокупниот или локалниот имунитет, кој може да биде вроден, но најчесто се предизвикан од:
- долготрајна употреба на имуносупресиви поради долготрајни заболувања
- повтрешни вагинални инфекции на бактеријално или вирусно потекло
- физички или психички стрес
HPV инфекцијата почесто ги погодува жените кои користат хормонална контрацепција, жени кои пушат и секако жени (или нивните партнери) со ризично сексуално однесување. Ризикот од пренос од мајка на дете е 90 проценти, дури и за време на доењето. Инфекцијата со HPV вирусите често не покажува симптоми.
Ако имунитетот е доволно силен, инфекцијата се завршува спонтано во рок од 2 години од инфицирањето. По две години, ако не дојде до излекување, може да се развијат канцерозни состојби. Човек може да пренесе вирусот без да биде свесен за тоа. Понекогаш се појавуваат и други симптоми како последица на инфекцијата. Во случај на инфекција со HPV важно е да се зајакне слезината и да се поддржи функцијата на црниот дроб или бубрезите. Зависи од самите манифестации и, се разбира, од состојбата на организмот.
Кои се симптомите на HPV вирусот што треба да се следат и кога да се посети лекар?
Во повеќето случаи, мажите се само преносители, додека кај жените се појавуваат видливи промени на вагината и анусот, што не ја исклучува можноста и кај мажите да се појават слични промени на половиот орган или анусот. Во зависност од тоа дали станува збор за маж или жена, може да се разликува нивната форма.
HPV вирусот кај жените може да се појави во или над кожата, во вагината или околу анусот и се карактеризира со тоа што не се секогаш во вид на брадавици, туку нивните површини може да бидат рамни или избочени, со текстура слична на карфиол, најчесто бела или црвенкаста боја.
Кај мажите ситуацијата е малку поинаква, најчесто се преносители, а во случај да се инфицирани доминира црвенкаста боја на половиот орган. Важно е да се знае кога е време да се побара совет од лекар. Во следниве ситуации треба да се закаже преглед:
- Појава на нови израстоци: Ако забележите необични тврди израстоци, брадавици или бенигни промени на гениталиите, анусот или во устата, особено ако нагло се појавиле или растат, важно е да се направи преглед.
- Неудобност или симптоми: Ако почувствувате чешање, болка, печење или иритација во гениталната или аналната област, можеби станува збор за кондиломи или друго заболување што бара медицински преглед.
- Партнер со дијагноза на HPV или кондиломи: Ако вашиот партнер има кондиломи или е дијагностициран со HPV, важно е да направите преглед и вие бидејќи инфекцијата лесно се пренесува со сексуален контакт.
- Враќање на симптоми: Ако претходно имате кондиломи и симптомите се враќаат, посетете го лекарот за дополнителна терапија и процена на состојбата.
Како да го избациме HPV вирусот од организмот
Кога се зборува за тоа како да се изсфрли HPV вирусот од организмот, треба да напоменеме дека не постои директен начин да се елиминира HPV вирусот од организмот, но постојат начини за контрола на инфекцијата и намалување на ризиците од компликации.
Иако не постои лек кој директно го елиминира HPV, постојат пристапи кои можат да помогнат на телото да се бори против вирусот:
- Јакнење на имунолошкиот систем – Силен имунитет е клучен за борба против HPV. Препорачува се консумирање храна богата со антиоксиданси, како овошје и зеленчук, како и додатоци на исхраната кои го поддржуваат имунолошкиот систем во присуство на HPV. Хупавир кесички се одличен избор – содржат природни состојки како фолна киселина, витамин A и цинк кои се докажано ефективни во зајакнување на имунолошкиот одговор. Тие го намалуваат времетраењето на HPV инфекцијата и позитивно влијаат на ремисијата на лезиите.
- Локална терапија – Кај жените, HPV може да предизвика промени на грлото на матката и да доведе до рак на грлото на матката што бара насочено лекување. HPVag вагиналети на база на природни масла (какао, целер, рицинус, коцка од кајсија) се формулирани за да помогнат во превенција и третман на вирусни вагинални инфекции предизвикани од HPV.
- Промена на животниот стил – Редовно вежбање, намалување на стресот и избегнување на штетни навики како пушењето помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем. Одржување на здрави партнерски односи и користење заштита за време на сексуални односи го намалуваат ризикот од повторна инфекција.
HPV вакцина: Како функционира и зошто се препорачува како важен метод за превенција
Вакцините што се користат за заштита од HPV инфекции содржат честички слични на вирусот, формирани од одредени компоненти на неговата структура. Бидејќи не содржат живи вируси, вакцините не можат да предизвикаат инфекција. Меѓутоа, кога се инјектираат во телото, предизвикуваат силен имунолошки одговор. Имунолошкиот систем на вакцинираната личност произведува антитела против овие честички. На тој начин, по вакцинацијата, телото генерира заштитен систем што ќе се бори против вистинскиот вирус кога ќе се соочи со него. Преку овој механизам, вакцините обезбедуваат заштита од состојбите предизвикани од одредени HPV типови што се вклучени во нивниот состав.
Помалку позната е фактата дека HPV вирусот покрај ракот на грлото на матката, е еден од главните предизвикувачи на рак на вагината, вулвата, но и на анусот, пенисот, како и на рак на устата и грлото. Универзалната вакцинација, како за девојчиња така и за момчиња против HPV, е затоа поефикасно решение за превенција на ниво на целото население и намалување на инциденцата на рак и други состојби (вирусни брадавици, преканцерозни лезии) што ги предизвикува HPV.
Покажано е дека универзалната вакцинација ја забрзува постигнувањето на „имунитет“ и елиминацијата на болести предизвикани од хуман папилома вирус, дури и во услови на понизок степен на покриеност со HPV вакцина. Оптималниот период за вакцинација на дете е помеѓу 9 и 14 години. Најдобар имунолошки одговор на организмот се јавува кога се дава пред започнувањето на сексуалниот живот. Меѓутоа, добро е да се знае дека HPV вакцините нудат заштита дури и ако се преминати возраста на адолесценцијата.
Дали се ефикасни антибиотиците во лекувањето на HPV?
Ефикасноста на антибиотиците во лекувањето на HPV инфекцијата не се покажала како ефикасна, што јасно кажува дека одговорот на прашањето како да се исфрли HPV вирусот од организмот на луѓето нема да го најдете во антибиотската терапија.
Дали постојат природни начини за забрзување на избродувањето на HPV вирусот од организмот?
Иако секоја личност што има HPV инфекција може и треба да се сврти кон природни начини за забрзување на избродувањето на HPV вирусот од организмот, запомнете дека најдобро е веднаш да се консултирате со лекар.
Колку често треба да се прави Папа тест при HPV?
Лекарите генерално препорачуваат повторување на Папа тестот секоја година за жени на возраст од 21 до 64 години.
Ако имате одредени фактори на ризик, вашиот лекар може да препорача почесто правење Папа тест. Овие фактори на ризик вклучуваат:
Дијагноза на рак на грлото на матката или Папа тест што покажува предмалигни промени на клетките на грлото; Присуство на HIV инфекција; Ослабен имунолошки систем поради трансплантација на органи, хемотерапија или хронична употреба на кортикостероиди.
Со лекарот можете да разговарате за предностите и ризиците на Папа тестот и HPV тестот и врз основа на вашите фактори на ризик да одлучите што е најдобро за вас во однос на времето за контролните тестови.