Иако ниту еден знак не гарантира дека некој се обидува да ве измами, постојат вообичаени сигнали на кои можете да внимавате. Експертот за говор на телото Ванеса Ван Едвардс открила неколку знаци кои можат да ви помогнат да забележите лажго.
„Повеќето луѓе можат да препознаат лага со само 54 проценти точност, тоа е исто како да вртите паричка. Ние сме многу лоши во забележувањето лажговци и важно е да го знаеме ова за себе. Не треба да ја преценуваме нашата способност да откриваме лаги. Обично не сме добри во тоа“, откри Ванеса.
Таа објасни дека постојат одредени статистички знаци на лагите, знаци кои, одново и одново, истражувањата откриваат дека лажговците имаат тенденција да ги прават. Но, тие не секогаш функционираат.
Ванеса рече дека прво треба да се обрне внимание на зголемената интонација, која може да звучи како некој да поставува прашање, иако тоа всушност не е така.
Друг знак за можно лажење е падот на волуменот. „Кога сме вознемирени или нервозни, губиме волумен и здив. Тоа го слушам многу во продажните повици. Секогаш знам кој дел од продажната презентација ги прави моите претприемачи најнервозни бидејќи губат волумен“, изјави Ванеса.
Ако гледате на невербални знаци, барајте недоследности каде вербалот не се совпаѓа со говорот на телото, пренесува City Magazine.
„Најголемиот, најочигледниот е кога некој вели да, но ја заниша главата или вели не, но кимнува со главата“, објасни таа. Таа додаде дека постои културен исклучок бидејќи во Индија, Бугарија и Пакистан климаат со главата малку поинаку, поради што ова „правилно“ не важи секогаш.
„Можете да откриете лажење во неусогласени изрази на лицето. Најголемиот знак за лажговците, покажува истражувањето, е гадењето. Гадењето е израз кој луѓето го прават без навистина да го сфатат, а присутен е во сите култури. Кога нешто не ни се допаѓа или кога чувствуваме лош мирис, тогаш го збрчкаме носот и ги покажуваме горните заби. Ќе забележите дека лажговците обично се чувствуваат валкани кога лажат, па често ќе покажат гадење кон себе поради лажењето“, заклучила таа.