Како да патувате поудобно во авион доколку сте повисок од просечното?

Патувањето со авион често може да биде непријатно, особено за високи луѓе со ограничен простор за нозете.

Корисникот на TikTok, Џош, кој е висок 193 сантиметри, сподели интересен трик кој му овозможува поудобно патување.

Неговото решение вклучува еластични ленти кои ги користи за да ги стабилизира нозете и да избегне да се протегаат во просторот на патникот што седи до него.

Во видеото тој покажа како ги прицврстува лентите околу нозете, одржувајќи ги во оптимална положба. На овој начин го намалува притисокот врз мускулите и овозможува поопуштена седечка положба, правејќи го летот поудобен и за вас и за личноста што седи до вас.

Сепак, некои корисници се запрашаа зошто не ги држи само нозете заедно. Како одговор, тој објасни:

„За мене е фасцинантно колку луѓе не знаат дека на мажите не им е удобно да ги држат нозете заедно. Нашите колкови природно бараат поотворена положба. Обидот да се задржат нозете споени подолг временски период е прилично непријатно“, рече тој.

Трикот на Џош поттикна дискусии за удобноста на патувањето со авион, а неговото видео брзо стана вирално.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни