Кога станува збор за почнување на врска и состаноците кои ги имаме со некоја личност, постојат одредени начини да откриете дали личноста со која сте на состанок е добра за вас или не. Повеќето од нас се обидуваат да ги постават вистинските прашања, да ги споделат работите кои ги сакаат и да ги направат споредбите.
Но сепак, подобро е кога некој со повеќе знаење на оваа тема ќе сподели конкретни предлози кои може да се применат. Тренерот за запознавање и самодоверба Габи Падрон, ги сподели „тестовите“ што таа ги прави на потенцијалните мажи за да види дали тие се вистинските за неа.
Таа ги објаснува трите „тестови“ за првиот состанок што жените можат да ги искористат за да видат дали мажот може соодветно да ја третира во иднина и да ги исполни нејзините очекувања.
1. Тест за витештво
„На првиот состанок, тој треба да ја плати сметката. А ако не е така, тогаш збогум“.
Според истражување од 2019 година, спроведено од веб-страницата за запознавање Elite Singles, 63% од мажите и 46% од жените се согласиле дека во хетеросексуалната врска, мажите се одговорни за покривање на сметката на првиот состанок. Адвокатот за развод Џастин Ли се согласи со ова.
Иако мажот треба да понуди да плати, психологот за односи Зои Котзи изјави за Elite Singles дека „родовите норми еволуирале, а еднаквоста стана стандард кон кој треба да се стремиме во сферата на работата, социјалната, политичката и сферата на состаноци“.
2. Тест за заштита
Во врска со ова, Падрон даде пример за неодамнешна случка кога еден од мажите не го положил тестот. Таа објасни дека откако излегле на пијачка во центарот на Мајами, и двајцата повикале Ubers да се вратат дома. Кога прв пристигнал неговиот Uber, тој и понудил да остане и да го чека нејзиниот Uber да пристигне па потоа да замине тој.
За да го тестира, таа му рекла дека треба да продолжи, навистина сакајќи да ја одбие нејзината понуда и сепак да остане со неа. Кога наместо тоа, тој ја прифати нејзината понуда и заминал со својот Uber. За овој случај, таа исто така ја потенцираше и важноста мажите да се осигураат дека девојката стигнала дома и е на безбедно.
3. Тест за тоа што да очекувате
Третиот и последен тест кој се споменува има за цел да и покаже на жената колку мажот е спремен да и даде. А ова може да се дознае и од многу мали ситуации кои ги сметаме за небитни.
„Кога ќе излеземе, ако не носам јакна, без сомнение, ќе кажам дека ми е ладно, затоа што сакам да видам дали ќе ми ја даде неговата и дали се грижи за мене. “ – вели таа.
Според психолозите овие „игри со тестирање“ многу лесно можат да доведат до разочарување, особено затоа што не сите размислуваат исто. Една жена може да биде задоволна од исходот, додека друга може да го гледа како неуспех.
Наместо тоа, луѓето треба да бидат транспарентни за она што го бараат во потенцијалниот партнер и врска.
Извор: Woman Reveals How She Tests Men To See If They Can Provide For Her | YourTango