Пената за бричење одамна не е само дел од рутината за нега – таа е едно од најпотценетите средства за брзо чистење, импровизирана хигиена и мали домашни поправки. Овие четири практични трикови покажуваат дека со една обична пена можете да решите повеќе проблеми отколку што мислите.
Пена за бричење како средство за хигиена кога сте во природа
Ако кампувате или сте на пат каде нема сапун, пената за бричење може да биде одлична замена. Нанесете ја на рацете, втријте добро исто како со сапун и избришете со шамивче или пешкир. Брзо, едноставно и доволно чисто за да продолжите со вашите активности.
Отстранување дамки од ќилими и ткаенини
Дамките од сок, кафе или други течности понекогаш изгледаат нерешливи, но пената за бричење прави чуда. Нанесете мал слој на дамката, втријте со сунѓер и исплакнете. Методот функционира и на облека – практично решение кога немате специјален препарат при рака.
Тивка врата за неколку секунди
Чкрипливите врати можат да бидат вистински кошмар, особено навечер. Подмачкајте ги шарките со мала количина пена за бричење. Користете тенко стапче за прецизно нанесување, а потоа избришете го вишокот. Вратата повторно ќе се отвора бесшумно.
Длабинско чистење четки и чешли за коса
На четките се собираат лушпи од кожа, прашина и остатоци од производи за коса. По отстранување на косата, истријте ја четката со пена за бричење. Ставете малку пена и во чаша вода, потопете ја четката неколку минути, а потоа добро исплакнете. Брзо освежување со одлични резултати.
Понекогаш наједноставните производи имаат најмногу намени, потребно е само малку креативност за да ви го олеснат секојдневието.
