Како да го зајакнете имунитетот кога сите околу вас се настинати?

Дознајте како правилната исхрана, сон, физичка активност и суплементи можат да го заштитат и зајакнат вашиот имунитет во сезона на настинки и вируси. Природни совети и научно поткрепени препораки за подобро здравје.

Веруваме дека сите со нетрпение го очекувате крајот на овој преоден период и доаѓањето на потопли денови, но времето не оди во наша полза – студот никако да попушти, а речиси сите околу нас се настинати веќе подолго време.

Иако начелно знаете што треба да правите, повторно би сакале да слушнете некој нов совет или магична формула – како правилно да се заштитите и одолеете на сите вируси и инфекции, како да останете здрави во период кога речиси сите околу вас се болни и како во полна сила да ги дочекате сончевите денови?

Секој од вас има некој свој „таен рецепт“ за полесно поминување низ овие денови, а пред да го откриеме нашето уникатно решение кое со еден потег може да помогне и во превенција и во опоравување од настинки и вируси, да се навратиме на почетокот – како функционира нашиот имунолошки систем и со какви предизвици се соочува низ целата година.

Како функционира имунолошкиот систем?

Нашиот имунолошки систем е систем за одбрана од надворешни напаѓачи. Тој умее да ги разликува сопствените клетки на телото од патогени – микроорганизми кои сакаат да „влезат“ во организмот и да го нарушат неговото функционирање, како што се вируси, бактерии, габи, токсини.

Белите крвни клетки ги препознаваат овие напаѓачи и се обидуваат да ги елиминираат. Колку повеќе сме во интеракција со надворешната средина, толку повеќе имунитетот се подобрува и нè одржува здрави.

Имунолошкиот систем има два дела:

Вроден имунитет (неспецифичен) – прва линија на одбрана, постои уште пред контакт со причинители на болест и реагира исто кон секој можен штетен агент.

Стекнат имунитет (специфичен) – се развива при контакт со болести и потребно е време да се оформи. Може да трае со години, понекогаш и цел живот.

Препораки за заштита и зајакнување на имунитетот

За полесно справување со сите закани од околината и навремена заштита на здравјето, клучно е да внимавате на следниве фактори кои силно влијаат на имунитетот: исхрана, квалитетен сон, физичка активност и контрола на телесна тежина, контрола на стрес, суплементација

Која храна ја поддржува функцијата на имунолошкиот систем?

Урамнотежена и здрава исхрана е од суштинско значење. Одредени намирници помагаат да добиете доволно витамини, минерали, антиоксиданси, протеини и здрави масти кои го намалуваат воспалението и го поддржуваат имунитетот.

Препорачани намирници за зимскиот период:

Овошје и зеленчук – богати со витамини, минерали и антиоксиданси. здрави масти – маслиново масло, авокадо, лосос, ферментирана храна – јогурт, кисела зелка, кефир, храна богата со растителни влакна – интегрални житарки, мешунки, зачини и билки – куркума, црн бибер, лук, ѓумбир, јаткасти плодови и семиња – особено ореви и ленено семе, црно чоколадо, зелен чај

Храна која треба да се избегнува:

Храна со додаден шеќер, брза храна, вештачки транс масти – во пржена и преработена храна, рафинирани јаглехидрати – бел леб, тестенини, пецива, колачи, преработено месо, алкохолни пијалаци

Колку сон е потребен за силен имунитет?

За квалитетен одмор, возрасни лица треба да спијат 7 до 9 часа ноќе. Недоволен сон го намалува имунитетот, бидејќи телото не успева да создаде доволно антитела и цитокини – важни за борба против инфекции.

Дали вежбањето го зајакнува имунитетот?

Да! Умерената физичка активност е одлична поддршка за имунолошкиот систем. Вежбајте најмалку 30 минути, 3-4 дена неделно, со комбинација на кардио и вежби за сила.

Дали вишокот килограми го ослабува имунитетот?

Да – гојазноста е поврзана со ослабен имунитет поради хронично воспаление.

Први чекори:

Намалете калории, почнете да вежбате, јадете повеќе овошје и зеленчук

Што друго можете да направите за да го зајакнете имунитетот?

Намалете го стресот – тоа има големо влијание на имунитетот. Начини за намалување на стресот: шетање во природа, слушање музика, масажа, јога, медитација, ароматерапија

Дополнителни совети: мијте ги рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди, особено пред јадење и по тоалет. Избегнувајте да го допирате лицето со нечисти раце.

Кои додатоци во исхраната (суплементи) го зајакнуваат имунитетот?

Суплементацијата со витамини и минерали е важна поддршка за имунолошкиот систем, но не смее да го замени здравиот начин на живот.

Ако отсекогаш сте посакувале еден единствен препарат што ќе ги содржи сите неопходни витамини и минерали – сега тоа е можно!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни