Како да го зајакнете имунитетот? Пробајте ја оваа лековита пилешка супа — едноставна и хранлива

Со доаѓањето на студеното и влажно време започнува и сезоната на настинки и вируси.

Намалената изложеност на сонце, престојот во затворени простории и помалата физичка активност често го ослабуваат имунолошкиот систем. Но, според нутриционистката и авторка на кулинарски книги Емили Инглиш, постои природен и вкусен начин да му помогнете на телото — домашна пилешка супа со ѓумбир, лимон и зеленчук.

„Кога сте изморени, кога се враќате од патување или кога започнува сезоната на настинки — ова е јадењето што треба да го направите,“ вели Инглиш за Mirror.
Нејзиниот рецепт изобилува со витамини A и C, антиоксиданси и влакна, а се подготвува со едноставни состојки. Освен што ја зајакнува одбранбената моќ на телото, оваа супа го смирува грлото и го враќа енергетскиот баланс.

Состојки што ќе ви бидат потребни

  • маслиново масло
  • 1 кромид
  • 2 моркови
  • половина тиква
  • 2 стапчиња целер
  • 200 г шампињони
  • 1 лажица паста од ѓумбир
  • 2 чешниња лук
  • гранче рузмарин
  • 100 г ориз
  • 1 пилешка коцка
  • 2,5 л вода
  • сок и кора од 1 лимон
  • 2 јајца
  • 250 г варено пилешко месо

Подготовка чекор по чекор

  1. Загрејте лажица маслиново масло во голем тенџере на средна температура.
  2. Додајте исечкан кромид, морков, тиква и целер со прстофат сол и динстајте 5 минути.
  3. Додајте шампињони и гответе додека не омекнат.
  4. Потоа додадете ѓумбир, исечкан лук, рузмарин и ориз. Промешајте и гответе уште две минути.
  5. Растворете пилешка коцка во 2,5 литри врела вода и додадете ја во тенџерето. Поклопете и варете околу 20 минути.
  6. Додајте пилешко месо и кора од лимон, па оставете да крчка уште пет минути.
  7. Во посебен сад изматете јајца со сок од лимон. Постепено додавајте малку врела супа за да не се згрутчат јајцата, а потоа смесата полека вратете ја во тенџерето.
  8. Мешајте додека супата не стане кремаста и свиленкаста, потоа исклучете ја ринглата.

Зачинете со сол и црн пипер по вкус и послужете веднаш.

Зошто оваа супа навистина помага

Комбинацијата на ѓумбир и лимон природно го стимулира имунитетот, додека пилешкиот бујон обезбедува хидратација и аминокиселини кои го олеснуваат дишењето.
Морковите и тиквата се богати со бета-каротен, а лукот е познат по своето антивирусно дејство.

„Телото понекогаш не бара лекови, туку топлина и исхрана. Оваа супа го дава и двете,“ вели Инглиш.

Извор:Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни