Како да го загреете станот без огромни трошоци?

Во ладниte зимски денови препорачливо е греењето да се вклучи околу 30 минути пред будење за домот да биде топол штом станете

Како што температурите паѓаат, а сметките за енергија растат, многумина се прашуваат како домот да биде топол без големи трошоци. Експертите откриваат колку часа е оптимално системот да биде вклучен и во кои периоди од денот е најисплатливо да се загрева просторот.

Греењето не мора да работи постојано за да биде топло во домот – според термотехничките стручњаци, доволно е да работи 2 до 3 часа наутро и до 5 часа навечер, односно најмногу осум часа дневно. Секако, ова варира зависно од изолацијата, бројот на радијатори, капацитетот на котелот и брзината со која системот ја покачува температурата.

Во ладни зимски денови препорачливо е греењето да се вклучи околу 30 минути пред будење за домот да биде топол штом станете. Ако сте на работа или отсутни во текот на денот, нема потреба од греење на празен простор се препорачува термостатот да биде исклучен додека нема никој дома.

Ако пак сте дома преку ден, најдобро е кратко да го вклучите греењето околу пладне или да користите маслен радијатор или електричен грејач само во просторијата каде што престојувате, за да се избегне непотребно загревање на целиот дом. За вечерно рамномерно загревање, корисно е греењето да се вклучи околу 30 минути пред да се вратите дома и да се остави да работи уште неколку часа навечер, со што се постигнува пријатна температура без прекумерна потрошувачка на енергија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни