Kако да го надокнадите витаминот Д во зима?

Овој витамин е многу важен за одржување на здрави кости, поддршка на имунолошката функција и регулација на расположението

Пократките сончеви денови и повеќе време поминато во затворен простор, ја намалуваат изложеноста на сонце, што може да доведе до недостаток на витамин Д. Овој витамин е многу важен за одржување на здрави кости, поддршка на имунолошката функција и регулација на расположението. Иако е еден од начините за добивање витамин Д е поминувањето време на сонце, нутриционистката Стефани Шифи од болницата Northwell Huntington за New York Post истакнува дека тоа не е единствениот начин.

Таа сподели кои се најпознатите показатели за недостаток на витамин Д, кој може да се провери преку крвна анализа и настанува со текот на подолг временски период. Некои од симптомите се:

Болки во коските и зглобовите: недостатокот на витамин Д може да предизвика омекнување на коските, што ја зголемува веројатноста за фрактури и болки.

Слабост на мускулите и грчеви: слично на “болки при раст”, овие симптоми можат да вклучуваат и неконтролирани мускулни трзења.

Проблеми со забите: недостатокот на витамин Д може да ја намали апсорпцијата на калциум, што доведува до кариес, болести на непцата и гингивитис.

Губење на косата: ниското ниво на витамин Д е поврзано со различни форми на губење на косата.

Проблеми со апетитот и спиењето: ниското ниво на витамин Д може да предизвика замор, тешкотии со спиењето и нарушување на апетитот бидејќи учествува во регулацијата на хормоните мелатонин и лептин.

Како да го зголемите нивото на витамин Д?

Прехранбени производи како масна риба, жолчка од јајце, сирење и путер се природни извори на витамин Д, додека некои производи, како што се житариците за појадок и растителните напитоци (бадемово, сојино, овесно млеко), често се обогатени со овој витамин.

Ако се одлучите за суплементи, важно е да се придржувате до препорачаната дневна доза. “Прекумерното внесување на витамин Д може да доведе до токсичност, што предизвикува симптоми како што се гадење, слабост, често мокрење и проблеми со бубрезите”, предупредува Шифи, пренесува New York Post.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни